Како странец може да резервира хотел или домашен лет во Русија?

Legion Media
Повеќето странски банкарски картички се блокирани во Русија, додека меѓународните букинг-сервиси ја запреа работата. Меѓутоа, постојат начини да се заобиколат овие проблеми.

Visa, Mastercard, American Express и JCB во моментов не работат во Русија и не можат да се користат за плаќање. UnionPay, единствениот преостанат платен систем во странство, исто така е несигурен, при што корисниците пријавуваат дека не го прифаќаат терминалите за плаќање што им припаѓаат на санкционираните банки.

И покрај тоа, резервацијата на хотел и понатаму е можна – најчестиот начин е, како во старите времиња, да го контактирате хотелот лично преку телефон или преку нивната веб-страница. Можете едноставно да платите во готово по пристигнувањето. Сите хотели со кои разговаравме, и луксузните и евтините, го потврдија тоа. Некои, сепак, наплаќаат мала премија за готовинско плаќање – сепак, ништо значајно.

Имајте предвид дека резервирањето хотел без плаќање однапред бара да пристигнете строго на време за пријавувањето, во спротивно хотелот може да одлучи дека сте ги промениле плановите и може да ја изгубите собата. Освен во готовина, можете да отворите и банкарска сметка во Русија - овде ви објаснуваме како.

Постојат уште два начина да резервирате хотел од странство, без прибегнување кон готовинско плаќање. Некои од хотелите нудат можност за користење на странска картичка со посебен линк кој го испраќаат по резервацијата. Ова ви овозможува да плаќате користејќи Visa и Mastercard - но не и American Express. Имајте предвид, тоа е ретка опција и сепак е подобро да контактирате со конкретниот хотел и да дознаете дали опцијата е достапна.

Втората опција е прилично примитивна: да ги замолите за помош вашите руски пријатели.

Резервација на домашен лет

Се плашиме дека овде може да послужи само готовина. Контактирајќи ги најпопуларните руски авиокомпании, како што се „Аерофлот“, С7 и „Русија Ерлајнс“, дознавме дека онлајн-плаќањето е можно само со картички издадени во Русија. Единствениот начин да купите билет за домашен лет без руска картичка е тоа да го направите на аеродромот или во канцеларијата на компанијата - адресите можете да ги најдете на веб-страницата на авиокомпанијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња