Сончево есенско утро, Црвениот плоштад во Ижевск, Соборна црква на свети Михаил.
Legion MediaГлавниот плоштад во Москва е најпознат од сите Црвени плоштади. Тука можат да се видат бедемите на Кремљ, неговите кули и познатиот ѕиден часовник, може да се посети Мавзолејот на Ленин (со тоа што Ленин не е единствениот кој е погребан на Црвениот плоштад), најстарата стоковна куќа ГУМ и Храмот на Василиј Влажени. Назима тука се отвора новогодишен саем и се прави големо лизгалиште, а во текот на летото се одржуваат различни фестивали.
За разлика од московскиот, Црвениот плоштад во Јарослављ го има добиено својот назив во советска доба. Претходно се нарекувал Семјоновски (зашто тука се наоѓал храмот на свети Симеон Солпник), а во 1924 година болшевиците одлучиле да го преименуваат во духот на новото време. Кон средината на триесеттите години од минатиот век на местото на урнатиот храм, подигната е зграда со лак за партиските функционери. Но, оваа зграда ја биел лош глас. Се зборува дека сите нејзини станари порано или подоцна биле репресирани.
Самиот плоштад не е голем и се наоѓа на раскрсница на мошне прометни улици, но од него можете да се прошетате по убавиот булевар до кејот на реката Волга.
Поглед од дрон на Чебоксари и на неговиот Црвен плоштад, лето, Чувашија, Русија
Legion MediaВо престолнината на Чувашија (Поволжје) Црвениот плоштад е центарот на градот и од ова место се пружа убав поглед на Чебоксарскиот залив. Пред сто години на ова место имало пазар, а плоштадот бил отворен за сообраќај. Денес ова е исклучиво пешачка зона. Тука има и паркче за деца со нишалки под настрешница, со клупи и со музичко-светлосна фонтана.
Црвен плоштад, Переслављ-Залески
Павел Лавов/SputnikСтариот град Преслављ-Залески се наоѓа во Јарославската област и познат е по големиот број зачувани споменици на архитектурата од периодот на средновековна Русија. Црвениот плоштад е место каде во средниот век се одржувал народен збор, кој се нарекувал „вече“. Поради тоа кај народот овој плоштад бил познат и како Вечевој или Соборен, додека официјалниот назив Црвен плоштад за првпат се споменува во водич од 1928 година. Плоштадот во повеќе наврати е преуредуван, но на него сепак продолжил да стои прастариот Спасо-Преображенски храм од 12 век направен од бел камен. Многумина руски кнезови се крштевани токму во овој храм.
Црвениот плоштад и фонтана во Тобољск. Во позадина е Тобољскиот кремљ.
Legion MediaЕдинствениот камен кремљ на Сибир е зачуван само во градот Тобољск (Тјумењска област). Се наоѓа на Црвениот плоштад (кој пред Револуцијата се нарекувал Соборен плоштад), на возвишение во историскиот центар на градот. Покрај Кремљ, тука е и Затворскиот замок. Од ова место се пружа прекрасен поглед на реката Иртиш.
На Црвениот плоштад кај Лениновиот споменика, Виборг, Ленинградска област, Русија.
Legion MediaВиборг се наоѓа во Ленинградската област. Тој е еден од најстарите градови во Европа, основан кон крајот на 13 век. Покрај Русија, во различни периоди им припаѓал на Шведска и на Финска. Историскиот назив Црвен плоштад во овој грд е „плоштад на Црвениот извор“, и тој потекнува од шведскиот период, кога во 16 век покрај изворот во близина на плоштадот биле погубени приврзаниците на шведскиот крал Сигизмунд Трети Васа. Во знак на сеќавање на овој настан изворот бил обоен во црвено. Засипан е кон крајот на 19 век кога е преуреден во плоштад, а по Втора светска војна е сменет називот на плоштадот, така што во него изворот повеќе не се споменува и сега е само Црвен плоштад.
Црвениот плоштад и Соборната црква Свети Архангел Михаил во Ижевск.
Вјачеслав Бухаров (CC BY-SA)Едно од најубавите места во главниот град на Удмуртија (централна Русија) претходно исто така имало поинаков назив. Ижевскиот плоштад се нарекувал Михајловски зашто покрај него се наоѓал Михајловскиот плоштад. Тоа е еден од првите плоштади кој е преименуван во Црвен и тоа е направено уште во 1918 година. Веќе во 1922 година на него е отворен монумент на црвеноармејците кои загинале за време на Граѓанската војна. Денес покрај овој споменик на Црвениот плоштад во Ижевск може да се види и величенствениот Михајловски храм кој бил урнат во советско време, а потоа беше реконструиран на почетокот на веков.
Знаменскиот соборен храм и Црвениот плоштад во Курск.
Legion MediaСпоред официјалната верзија, овој плоштад во градот Курск (на југоистокот на Русија) е преуреден по пожарот од крајот на 18 век. На местото на станбените згради и остатоците од одбранбената тврдина што ги проголтал пламен направен е централен плоштад. Императорката Екатерина Втора му го дала називот Црвен плоштад, на руски „Красная площадь“.
Тогаш на ова место се наоѓал плоштад со здание на градската управа. Подоцна околу плоштадот се подигнати ново здание и називот му е сменет во Знаменски, за болшевиците, кога дошле на власт, да му го вратат првобитното име.
Соборна црква Вознесение Господово и Црвениот плоштад, Елец, Русија.
Legion MediaЕлец е гратче во Липецката област (централна Русија). Еден од најстарите руски градови, основан најдоцна во средината на 12 век. Црвениот плоштад бил дел од Елецката тврдина. Неговиот назив ги потсетувал жителите на крвта што тука ја пролеале бранителите, заштитувајќи го својот град од непријателите во повеќе пригоди. Денес тоа е мал простор во центарот на градот со стела подигната по повод 850-годишнината од градот, а тука се и остатоците од стариот Воскресенски храм.
Црвениот плоштад во јужниот град Таганрог се наоѓа помеѓу Централниот пазар, стадионот и споменикот на Чехов. Тој е полн со дуќани. За волја на вистината, тука имало дуќани уште од средината на 19 век, кога овој плоштад се нарекувал Александровски, во чест на императорот Александар Први (кој починал во Таганрог во 1825 година). Во 1923 година болшевиците му го дале името Црвен плоштад.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче