Релито на автомобили, мотоцикли и камиони „Патот на свилата 2022“ се ближи кон крајот. Возачите со своите возила во текот на изминатата недела го поминаа патот од Астрахан кон Грозни во Чеченија, а потоа до Елиста. Пред нив се уште две станици: Липецк и, конечно, Москва.
Планирано е релито да заврши на 16 јули на стадионот „Лужники“ во Москва.
Годинава, 73 натпреварувачи учествуваат во различни видови трки на сериски теренски возила, теренски прототипови, камиони, квадови и мотоцикли.
Легендарната трка на теренски возила се протега на четири и пол илјади километри неуреден терен.
На почетокот на трката во Астрахан учесниците возеа по песок должи Волга. Теренот налик на пустина овозможи во текот на трката да бидат снимени некои епски фотографии.
Тешкотиите, неизбежни за време на ваква трка, следеа набргу по стартот. Некои тимови се изгубија поради лоша навигација, додека други се соочија со скршена оска, губење на притисокот во моторот, скршено вратило или дупната гума.
Меѓутоа, жештината беше вистински предизвик за возачите за време на летната трка низ топлите јужни региони на Русија. Понекогаш температурата во кабината достигнуваше екстремни височини, тестирајќи ја издржливоста на возачот.
„Многу е жешко, но не ја вклучуваме климата. Толку е топло во кабината (60-70°) што ако ја вклучиме климата не се лади, туку само дува преколно врел воздух кон нас“, објасни 57-годишниот навигатор Константин Жилцов.
Некои возачи велат дека истовремениот притисок на времето, брзината и топлината речиси ги „убиле“, додавајќи дека патем и тие се „забавувале“.
Рускиот тим Камаз-Мастер“ предводен од возачот Дмитриј Сотников победи во засега последната, шеста етапа на релито „Патот на свилата“ во категоријата камиони. Тимот помина 485 километри за 5 часа, 13 минути и 37 секунди.
Конечниот победник ќе биде познат по завршувањето на трката на 16 јули во Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче