‘Ртот Столбчати по зајдисонце.
Eкатерина Васјагина (CC BY-SA 4.0)Преведено од јазикот на домородните луѓе, Кунашир значи „црн остров“. Така го нарекувале Аините, најстарите жители на јапонските острови Камчатка, Курилите и Сахалин. Голем дел од неговата територија е покриена со зимзелена шума со темнозелена боја и речиси црна почва од вулканско потекло, а величествениот вулкан Тјатја фрла голема темна сенка врз островот.
Вулканот Менделеев и селото Јужно-Куриљск на островот Кунашир, 2012.
Владимир Михајлов/SputnikОва е најјужниот Курилски остров. Од јапонскиот остров Хокаидо е оддалечен само дваесетина километри.
Кунашир е привлечен и поради што има четири вулкани од различни типови на многу компактна територија од 1490 квадратни километри. Тоа се вулканот-калдера Головнин, стратовулканите Менделеев и Руруј со сложена морфологија и сома-вулканот (вулкан во вулкан) Тјатја, своевидна визит-карта на овој остров.
Покрај разликите во морфологијата, секоја од нив има и своја специфична црта. На пример, вулканите Менделеев и Руруј се познати по своите извори на врела вода. Од клисурата на вулканот извира поток кој понатаму низводно формира цела каскада од природни џакузи-кади.
Активниот вулкан Тјатја на островот Кунашир.
Андреј Зима/SputnikВо околината на активниот вулкан Головин има две езера – Жешко и Врело („Горячее“ и „Кипящее“). Во Врелото езеро човек би можел жив да се свари, бидејќи температурата достигнува 80 степени, а на некои места водата е толку врела што е блиску до температурата на вриење. Под водата постојано избиваат млазови од водород сулфид и сулфур диоксид и го загреваат езерото. Поради езерските врнежи, на површината на водата се акумулира црна сулфидно-сулфурна пена, поради што водата има боја на олово.
Вулканот Менделеев
Natalia Sannikova (CC BY-SA 4.0)Можете да се капете во Жешкото езеро. Водата во неа е со необична тиркизна боја. Овие две езера се споени така што водата во Жешкото е секогаш топла.
Вулканското езеро Врело (Кипящее) со врела вода.
Александар Лискин/SputnikТјатја, најголемиот и најубавиот вулкан на овој остров, е речиси недостапен. До неговото подножје може да се стигне со моторен чамец, но само кога е убаво времето. Пешачењето до подножјето трае неколку дена (да не зборуваме за искачување на вулканот висок над 1800 метри).
Станува збор за Жешката плажа во близина на подножјето на вулканот Менделеев. Тоа е единствениот дел од копното каде што вулканските карпи се покриени со слој песок. Меѓутоа, температурата на тој песок е толку висока што на него лесно можете да зготвите омлет или да испечете морски плодови.
Вулканот Менделеев
Љаховец Сергеј (CC BY-SA 4.0)Најважно е да не приоѓате до фумаролите (отворите и пукнатините на површината на вулканот), од кои периодично избива морничава жолта пареа.
Овој ‘рт е формиран пред 40-50 милиони години поради ерупцијата на вулканот Менделеев. Лавата се излеала во океанот и замрзнала во ладната вода во вид на петострани и шестострани столбови кои личат на цевки на оргули. По одреден период, тој базалтен масив се издигнал од водата, а природата го претворила во висок стрмен ‘рт (на некои места висок 50 метри) на брегот на Кунашир.
Фумарола на вулканот Менделеев.
Андреј Зима/SputnikПоради неговиот карактеристичен облик, мештаните му го дале на ‘ртот името Столбчати („Столбчати“, од зборот „столб“ - столб) и редовно носат туристи овде.
Кунашир е и државен резерват на природата. Овде заедно растат ретки видови растенија кои на континентот никогаш не се во ист ареал. Смреките се обвиени со винова лоза и лишаи, а бамбусот расте покрај калината и кедарот. Повеќе од половина од растенијата на Кунашир се запишани во Црвената книга на Русија.
Фумарола на Североисточното поле на фумароли на вулканот Менделеев.
Љаховец Сергеј (CC BY-SA 4.0)Преку островот е направена еколошка патека по чија должина се поставени табли со податоци за локалните ендемични видови.
Едно од најубавите места на островот се протега од ‘ртот Пузанов до устието на реката Белозерка. Тоа е Головинската карпа, долга карпа со вулканско потекло на тихоокеанскиот брег на островот, украсена со водопади. Се состои од слоевити седиментни карпи и ја одразува историјата на островот во текот на 2 милиони години.
Карпите на ‘ртот Столбчати на островот Кунашир.
Андреј Зима/SputnikНо, за да се види оваа убавина мора да се чека осеката. Во секое друго време океанот го затвора патот до карпата.
Во 1875 година Јапонија ги доби сите права на островот Кунашир во замена за признавање на Сахалин како руска територија. Меѓутоа, во 1945 година, по Втората светска војна и потпишувањето на Потсдамската декларација, островот им припадна на Русите (но Јапонија сè уште се обидува да ја оспори таа одлука и претендира на Кунашир и три други острови на јужните Курилски острови). Тогаш Јапонците ја напуштија оваа територија и на неа беа распоредени советски воени објекти.
Вулканот Тјатја. Северен дел на островот Кунашир.
Сергеј Кривошеев/SputnikЦелиот остров сé уште се третира како погранична зона, па посетата е можна само со специјална пропусница. Може да се добие во градот Јужно-Курилск, каде што живеат речиси сите жители на островот. Неопходно е да ја контактирате администрацијата на резерватот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче