Руската православна црква света Зинаида во Рио де Женеиро е подигната во триесеттите години од минатиот век од страна на емигрантите од постреволуционата советска Русија. На изгледот на црквата влијаела средновековната архитектура од Псковската област (на североистокот на Русија). Велат дека кога ќе влезете во храмот се чувствувате како да сте се нашле во срцето на Русија. Меѓутоа, кога ќе погледнете низ прозорецот, ја гледате огромната статуа на Христос Спасителот и Атлантскиот океан.
Иницијативата во Хавана да се подигне православна црква на Казањската икона на Богородица му припаѓа на кубанскиот лидер Фидел Кастро. „Храмот во Хавана е замислен и е изграден како знак за руско-кубанското пријателство, како израз на благодарност на нашиот народ кој даде немерлив придонес за зачувувањето на Куба како независна држава во развојот на нејзиниот економски потенцијал“, рече патријархот московски и на цела Русија Кирил во 2008 година кога ја осветуваше црквата. Велат дека кубанската црква потсетува на Благовешченската црква на московскиот Кремљ.
Воскресенската црква во Токио е подигната во текот на Меиџи периодот од осумдесеттите години од 19 век. Се очекувало дека рускиот цар Николај Втори ќе се појави на нејзиното осветување во 1891 година. Меѓутоа, тоа не се случило, со оглед на тоа што некој се обидел да изврши атентат врз него во јапонскиот град Оц.
Црквата на зачетокот на света Ана во Мексико потекнува од 17 век. Меѓутоа, претходно ѝ припаѓала на Римската католичка црква, а на Руската православна црква ѝ беше предадена во 2014 година.
Успенската црква во Пекинг е единствената активна православна црква во кинеската престолнина. Се наоѓа на територијата на руската амбасада. Подигната е во 1902 година, но во педесеттите години од минатиот век беше претворена во гаража. Беше реновирана во 2009 година.
Руската православна црква на светиот апостол Филип се наоѓа во Шарџа во Обединетите Арапски Емирати. Ова е единствената руска црква на арапскиот полуостров. Отворена е во 2011 година и е најголема во земјата. Може да прими 20.000 верници.
На Тајланд нема многу православни верници, ги има околу 1.000, но има 10 православни цркви. Пред неколку години на островот Пукет беше подигната црква на света Троица и Православна духовна академија која го носи името на свети Инокентиј, митрополит московски.
Првата руска православна црква во Камбоџа, црквата на светиот маченик Пантелејмон, е подигната пред шесь години. Христијаните се само 2% од популацијата во Камбоџа, а православни верници има уште помалку. Сепак, во земјата постојат четири православни храма.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче