Со колкава брзина ирвасите можат да влечат санка? (ФОТОГРАФИИ)

Учесничка во националниот празник Ден на одгледувачот на ирваси, Салехард.

Учесничка во националниот празник Ден на одгледувачот на ирваси, Салехард.

Алексеј Мајшев/Sputnik
И номадските народи во Русија сакаат да живеат „брзо“! Тие се големи љубители на трките со санки што ги влечат ирваси и секоја година организираат натпревари во различни дисциплини.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

1. Автохтоните народи (Ненци, Селкупи, Ханти и други) кои живеат во јамалската тундра (северот на Русија) се традиционални одгледувачи на ирваси. А ирвасите, замислете, не само што сакаат мирно да ја пасат тревата што се пробива низ снегот, туку и да се тркаат со модерни автомобили? Овие спринтери учествуваат во необични трки кои секоја година се организираат на Јамал.

Трки на запреги со ирваси во чест на Денот на одгледувачот на ирваси, Салехард.

2. Секоја пролет во Јамало-Ненецкиот автономен округ се слави најголемиот празник овде - Денот на одгледувачите на ирваси. Номадските народи доаѓаат од тундрата во градовите и ги донесуваат своите обичаи, својата кујна и своите спортови и сето тоа го споделуваат со жителите на градовите. Најатрактивна глетка е секогаш трката на запреги со ирваси. Така беше и на крајот на март 2022 година во Салехард, единствениот град во светот кој се наоѓа над Северниот поларен круг.

3. Прво, одгледувачот мора да го фати најбрзиот ирвас во стадото (што само по себе веќе е цел настан!) и да го впрегне како што е пропишано. После тоа започнуваат тренинзите. На Денот на одгледувачот на ирваси тоа изгледа како шоу, но всушност се работи за голем предизвик.

4. Пред стартот гостите на Денот на одгледувачот на ирваси уживаат во парадата на запреги. Северните народи ги демонстрираат украсите на нивните најдобри тркачи. Потоа започнуваат трките.

5. Запрегата се состои од три до шест ирваси. „Кајурот“, т.е. гоничот на запрегата, користи специјален стап долг три метри што се вика „хореј“. Со негова помош тој управува со санките и ги води ирвасите со свиркање.

6. Патеката е долга само 600 метри, но ирвасите фаќаат залет отприлика 100 метри пред стартната линија и запираат далеку зад целната линија. Ирвасот не може брзо да запре и затоа гледачите мораат да стојат на дистанца бидејќи животното во трк не забележува ништо на својот пат.

7. Ирвасот развива брзина од 60 километри на час. Како автомобил! На одгледувачот му е потребно големо искуство за да управува со запрега.

8. Гледачите по малку им пречат на кајурите (гоничите), бидејќи ирвасите се плашат бучна толпа и можат да застранат од патеката.

9. На натпреварот во 2022 година учествуваа вкупно 77 екипи, од кои со 21 запрега управуваа жени. Трките со санки што ги влечат ирваси се единствениот номадски спорт во кој жените се натпреваруваат заедно со мажите.

10. Втора година по ред победник е Александар Салиндер. Како награда доби моторна санка. Најдобар женски резултат постигна Нина Лаптандер. И таа доби санка.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња