10 имитации на „Мекдоналдс“ и КФЦ забележани во Русија (ФОТО)

Felix M/tripadvisor.ru
Во некои градови во Русија, локалните имитации на „Мекдоналдс“ и КФЦ се дури и попопуларни од познатите синџири за брза храна!

1. Во Чеченија нема западни синџири за брза храна. Сепак, има многу добри и вкусни локални кафулиња... а некои од нив личат на познатите брендови. На пример, ова кафуле наречено „Криспи“. И рецензиите му се прилично позитивни! „Бев таму минатото лето и, генерално, ми се допадна ентериерот, изгледаше кул, а и пилешкото беше добро“, напиша блогерот Дмитриј Атрухов.

2. Овој киоск во Чеченија ги привлекува посетителите со совршена комбинација: „Мекдоналдс“ и КФЦ во едно.

3. Во Русија „Мекдоналдс“ често скратено се нарекува „Мек Дак“, а ова кафуле во Петрозаводск, во Карелија, решило да го користи токму овој жаргонски израз за да привлече повеќе клиенти. „Каде да се јаде денес? „Во „МекДак“, се разбира!“

Истото кафуле постои и во Брјанск. Изгледа како франшиза!

4. Патниците кои возат по автопатот М5 до Република Мордовија не можат да го заобиколат ова кафуле покрај патот наречено МОРДДОНАЛДС. „Креативноста во називот на ова кафуле е едноставно неверојатна!“ пишува возач кој бил таму.

5. Во Руската Република Бурјатија, мештаните забележаа транспарент „МекБурјат“. „Наша верзија на „Мекдоналдс““, се пошегуваа корисниците на интернетот.

6. Шаварма или шаурма, е дефинитивно најбараната брза храна во Русија и такви киосци има многу низ земјата. Многу од нив го користат стилот на фонтот на „Мекдоналдс“, при што кириличното „Ш“ изгледа како обратно „М“ на Мекдоналдс.

Оваа „Ваурма“ на фотографијата подолу е во сибирскиот град Новокузнецк.

7. Уште една „Ваурма“ е забележана во градот Хабаровск на Далечниот Исток. ШакДоналдс“, коментира авторот на фотографијата.

8. Оваа „Ваурма“ се наоѓа во Нов Уренгој на север - и може да се пофали дека е халал. „Очекувајте ги „Кебаб Кинг“ и „Донер Хат“ во вашиот град!“ напиша авторот.

„Во Екатеринбург во близина на железничката станица има „Кебаб Кинг“, одговори друг корисник. Несомнено!

9. „Најдобрата шаурма на приморјето“, пишуваа луѓето за овој „Ваурма“ (правена на јаглен!) киоск во Феодосија, Крим.

10. На Крим нема странски синџири кафулиња, но постои мошне популарна кафеана наречена „СтарМакс“. Хммм, изгледа многу познато...

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња