Москва ја зазеде третата позиција на ранг-листата на најдобри мегалополиси на светот

Сандурска Софja / Агенциjа Москва
Руската престолнина ги претекна Сиднеј, Лондон и Париз. А кога станува збор за развиеноста на инфраструктурата и квалитетот на животот, се најде на чело на листата!

Москва ја зазеде третата позиција на ранг-листата на Обединетите нации посветена на условите за живот во мегаполисите ширум светот.

Стручњаците на Обединетите нации го анализираа развојот на 29-те најголеми градови во светот според следните критериуми: инфраструктура, еднаквост на населението и социјална инклузија, квалитет на живот, економска продуктивност, еколошка одржливост и градска управа и законодавство.

Руската престолнина собра 67,98 бодовi и со тоа го зазеде третото место по Сингапур (75,49) и Торонто (68,29). Во 10-те најдобри градови спаѓаат и Сиднеј, Лондон, Париз, Мадрид, Шангај, Хонг Конг и Њујорк.

Сепак, кога станува збор за развиеноста на инфраструктурата, Москва го зазеде првото место со 83,2 бода, заменувајќи го на таа позиција Хонг Конг (78,16). Развиеноста на инфраструктурата ги опфаќа квалитетот на станувањето и социјалната инфраструктура, информатичките и комуникациските технологии, мобилноста и друго.

Москва покажа најдобри резултати и кога станува збор за квалитетот на животот, кој опфаќа 14 ставки, како што се здравството, образованието, рекреацијата, безбедноста и други.

„Препознавањето на нашиот град како светски лидер според квалитетот на животот и развиеностат на инфраструктурата е правична процена на огромните позитивни промени во Москва. Ранг-листата на Обединетите нации не ѝ дава никакви привилегии на Москва, но ѝ помага да се избори со постоечките стереотипи и да докаже дека сме на вистинскиот пат“, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Конечната комплетна верзија на извештајот ќе биде објавена на 31 март 2022 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња