10 НАЈНЕОБИЧНИ згради на „Мекдоналдс“ и КФЦ во Русија (ФОТО)

@my_artphoto; Nikita Savvateev
Хамбургер во „средновековна“ кула или топли пилешки крилца во дрвена изба? Се обложуваме дека не очекувавте да најдете ресторани за брза храна на овие места!

Луѓето во Казан се шегуваат дека кулата би требало да има ров и стрелци. Поточно, не е невообичаено да се види ресторан за брза храна во „средновековен“ замок во Русија - всушност, не е невообичаено да се види било каде во светот! Мештаните велат дека пред десет години тука имало тематски ресторан „Ланселот“, кој бил затворен, а неговата зграда ја презел „Мекдоналдс“!

Во Петрозаводск, главниот град на Карелија, во неверојатно убава зграда од советската ера се наоѓа ресторан на КФЦ. Претходно тука имаше кино „Победа“, кое по распадот на СССР се обидуваше да опстане, издавајќи го својот простор на ноќни клубови, изложби и сл. Денес, целото приземје го зазема токму КФЦ.

Ресторанот „Мекдоналдс“ во Сочи се наоѓа во близина на насипот, на една од најатрактивните туристички локации во градот. Згора на тоа, самата зграда изгледа исто толку луксузно како и рестораните кои ја опкружуваат со отворената фонтана напред. Исто така, од терасата на првиот кат има прекрасен поглед на Црното Море и пристаништето!

Во Пенза, стар град во централна Русија, во поранешната зграда на рибниот пазар изградена во 1900 година, има ресторан „Мекдоналдс“. Зградата е една од најубавите во градот и се смета за локално обележје.

Да постоеше КФЦ во стара Русија, веројатно ќе изгледаше вака! Суздаљ е еден од најпознатите градови на Златниот прстен, каде сé уште се зачувани многу историски градби, а до неодамна во него немаше ниту еден ресторан за брза храна, бидејќи градската управа сакаше да ја зачува автентичноста на градот. Сепак, во 2021 година, во центарот на градот беше отворена првата франшиза на КФЦ, токму во една таква дрвена зграда. Посетителите велат дека тоа е најнеобичниот ресторан за брза храна што го виделе.

Овој КФЦ ресторан се наоѓа во непосредна близина на Казањската железничка станица во центарот на Москва. Самата зграда е дизајнирана од познатиот руски архитект Алексеј Шчусев во 1910-тите, а франшизата КФЦ се појави тука речиси еден век подоцна.

Ресторанот „Мекдоналдс“ на островот Василевски во Санкт Петербург е сместен во зграда од средината на 1990-тите. Архитектите ја проектираа во постмодернистички стил, така што не отскокнува од околните градби од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Направија дури и прекрасна купола со саат!

Голем ресторан на „Мекдоналдс“ беше отворен во 2020 година во трикатна вила на Нов Арбат во Москва. Во советско време, тука имаше породилиште кое ја преживеа изградбата на улицата „Нов Арбат“, додека многу стари згради беа урнати. Оригиналната зграда е архитектонски слична на средновековен замок.

Во Иваново ресторанот КФЦ е сместен во зграда изградена 1900 година. На почетокот тоа била станбена зграда, а потоа хотел со продавници. За време на советскиот период, во неа имало и станови. Ресторанот за брза храна беше отворен во 2019 година.

„Една од најубавите глетки во Нижни Новгород“, велат мештаните кои го посетуваат ресторанот на „Мекдоналдс“ на Нижневолшкиот кеј. Зградата е изградена во 2019 година и веднаш стана многу популарна. Пред сé, поради неверојатната локација!

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња