Невронската мрежа на сајтот Artflow.ai генерира портрет на човек врз основа на опис, дури и со само еден збор. Russia Beyond ѝ понуди податоци за изработка на портрети на руски градови.
Престолнината на Русија, судејќи според резултатите на невронската мрежа, е девојка со црвени очи и бушава коса, уморна од работа во канцеларија. Но, таа има прекрасни усни зголемени со филери, јаболчници како Анџелина Џоли и врвно обработени веѓи. Сè што треба да направи е да ја поправи фризурата и да го замаскира уморот и таа е подготвена за љубовен состанок во еден од рестораните со „Мишелин“ ѕвездички.
Изгледа привлечно како белите ноќи, подвижните мостови и богатата архитектура на градот. Преку ден работи како манекен, а навечер оди во најдобрите локали во градот, каде заведува девојки со боите на Финскиот залив.
Вака невронската мрежа го замислува Казањ, главниот град на Татарстан со богатата историја, мешавината од татарски обичаи и европски вредности. Со ваков изглед би можел да добие улога во „Game of Thrones“.
Типичен турист во Краснаја Полјана, најдобриот ски-центар во Русија. Преку ден вози сноуборд, се релаксира во сауна или базен со поглед на планините, а навечер оди во Сочи или Адлер да се прошета покрај Црното море и да проба шаурма-сувлаки на киоск покрај морето.
Типичен жител на работничкиот регион на главниот град на Урал. Многу преживеал, за сé има свое мислење. И се чини дека е уморен по малку.
Претставник на еден од најголемите и најстарите градови во Сибир. Во работните денови работи во локална фабрика, а за викендите се шета во паркот „Краснојарски столбови“ и задолжително поминува по патеката на шаманите оддавајќи им почит на своите предци.
Ќе имаше помалку бразди и изгореници на лицето на студениот Норилск ако состојбата на екологијата беше подобра. Не е исклучена ни повреда на работното место. Сепак, нејзиниот шарм се крие во нејзините очи, силни и убави како снежните бури и поларната светлина, кои често може да се видат во градот.
Ова е женско олицетворение на еден од најубавите градови на Златниот прстен на бреговите на Волга со храмовите и дрвените куќи. Преку ден Кострома шие ленени кошули, а навечер оди в црква и се шета низ „Костромската слобода“, главниот национален парк со стари дрвени куќички.
Владивосток е главен град на Приморскиот крај со големо трговско пристаниште и раскошна природа. Нејзиниот татко увезува автомобили од Јапонија во Русија, додека таа речиси секој ден јаде ракови и шета покрај заливот.
Како што доликува на едно од најпопуларните летувалишта во Русија, Јалта е свежа, убава и исончана. Наутро веќе се слика на плажа во костим за капење за „Инстаграм“, дење шета покрај локалните замоци од времето на царска Русија, а навечер ги дегустира најдобрите сорти кримско вино на летната тераса на ресторан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче