Новогодишното осветлување е насекаде по улиците на Санкт Петербург! (ФОТО)

Irina Motina/Xinhua/Global Look Press
Новогодишната елка на Дворцовиот плоштад и главната градска улица годинава се украсени во ретро-стил. Погледнете ги празничните светлосни декорации на Санкт Петербург!

Зимата во Санкт Петербург обично е полна со снег, а улиците на градот добиваат празнична облека за новогодишните празници. Главната елка на Дворцовиот плоштад беше накитена и осветлена на 20 декември.

Накитена е во ретро-стил кој нé враќа во шеесеттите. Новогодишната елка е украсена со традиционални светилки, знамиња и илјадници стилизирани играчки. Во нејзината околина има уште 48 мали новогодишни елки и 8 декоративни инсталации.

Невскиот проспект, главната улица на Санкт Петербург, е украсена во луксузен царски стил.

Има цветни мотиви, ангелски крилја и круни на Руската империја. А сето тоа е направено во златна боја со црвени детали.

Вкупно над 60 новогодишни елки се поставени низ градот, така што празничното расположение допира до секое ќоше во градот!

Огромни светлосни топки се појавија на Московскиот проспект. 

Впечатливиот дизајн може да се вид и на градските кејови. Каналот „Грибоедов“ со инсталацијата во вид на срце изгледа особено атрактивно. 

А огромен ангел им го осветлува патот на минувачите кога ќе се стемни.

На реката Мојка луѓето можат да фотографираат со ЛЕД елки во позадина.

Бројните градски мостови во центарот на градот се украсени со сијалички. Толку блескаво!

Секако, има и неколку новогодишни панаѓури на кои посетителите можат да се напијат топол чај, да јадат свежо испечени палачинки, да купуваат подароци и да се забавуваат со друштвото. Еден од најубавите се наоѓа на Манежниот плоштад и вклучува дури и лизгалиште.

Автобус со оркестарот на Дедо Мраз вози низ градот. Обидете се само да не се забавувате во толку волшебна атмосфера!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња