Температурата во Јакутија на северот на Русија се спушти на -61 степени

Maxim Shemetov/Reuters
Вакви ниски температури ретко се среќаваат дури и на најстуденото место на северната хемисфера.

Во Јакутија во селото Ојмјакон студот достигна -61 степени Целзиусови. Обично живата во термометарот во оваа населба зиме е на околу -40 степени. Оваа година времето „направи исклучок“ и екстремните студови го погодија не само европскиот дел на Русија, туку и Јакутија.

Последниве неколку денови температурата во Јакутија се движеше околу -50 степени. На таков студ се спушти толку густа магла што возачите мораа да се ориентираат буквално по инструментите и светлоста на фаровите на возилата што им доаѓаа во пресрет практично во услови на „нулта видливост“. 

Претходно во Јакутија се случи сериозен дефект на електричната мрежа. Без струја останаа повеќе од 40 илјади жители на оваа руска република. Во реоните каде што дојде до недостиг на струја се бележат големи студови.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња