Најголемиот храм на Руската православна црква се наоѓа во Москва и може да прими до 10 илјади верници. Тој е верна копија на црквата изградена 1882 година во чест на победата на Русија над Наполеон. Болшевиците го урнаа првобитното здание и на негово место долго време имаше јавен базен.
Третиот највисок православен храм на светот (103 метри) е директно поврзан со историјата на Втората светска војна: неговите скали и другите елементи се излеани од оружјето на нацистичка Германија. Црно-зелениот храм од метал и бронза беше отворен во 2020 година во Подмосковје.
Храмот на Казањската икона на Пресвета Богородица, еден од најпознатите симболи на Санкт Петербург и семејната црква на Романови, изградена е според базиликата на Свети Петар во Рим. Во советско време во храмот беше сместен Музејот на религијата и атеизмот, а денес тоа е еден од најголемите активни храмови во земјата.
Се градел 40 години, сé до 1858 година, а за неговото надворешно уредување биле потрошени преку 100 килограми чисто злато. Меѓутоа, жителите на Санкт Петербург сметале дека е ужасно масивен, гломазен и преголем во споредба со околните зданија. Им требало време да се навикнат на неговите џиновски димензии, но денес е тешко да се замисли Санкт Петербург без него.
Овој храм ги соборил сите рекорди за долга изградба: 87 години го граделе, го напуштале, реставрирале, прекинувале поради недостаток на пари, ја менувале архитектурата и повторно го обновувале. Замислен како манастир, наместо тоа стана затворена елитна училишна институција: Институтот за девојки-благороднички. Денес, тоа е активна црква со интересна оптичка мамка: колку повеќе набљудувачот се приближува до храмот, толку помал му изгледа.
Храмот е изграден делумно од парите на царот Николај I. Според негова лична желба, сините куполи се украсени со ѕвезди од злато. Но, за време на болшевичката власт, храмот беше затворен и само благодарение на среќен сплет на случајности остана недопрен: планот бил да се урне и да се претвори во градски крематориум.
Ја нарекуваат „бисерот на Далечниот Исток“. Од земјата до врвот на централниот крст е висока 95 метри и 5 сантиметри, што може да се спореди со модерните облакодери. Подигната е 2004 година од доброволни прилози во градот Хабаровск.
Изградбата на овој храм во Воронеж се поврзува со основањето на самиот град, за 1586 година, кога храмот бил направен од дрво. Оттогаш, неколку пати е реконструиран, преместуван и реновиран, додека не стана највисокото здание во градот. Неговите крстови можат да се видат практично од сите делови на Воронеж.
Храмот на тесниот појас копно на сливот на Волга и Ока не ги преживеа атеистичките триесетти без тешкотии. Беше затворен, а сите негови дрвени украси претворени во дрво за огрев. Во подрумот на храмот имало магацин, а за време на војната на неговиот покрив имало противвоздухопловна батерија. Целосно е реставриран во 1992 година.
Црквата била изградена на местото каде што 1881 година бил смртно ранет царот Александар II. Внатрешните ѕидови ги покрива мозаик од седум квадратни километри!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче