Како што истакнуваат научниците, активноста на овој вулкан постојано е во пораст. Меѓутоа, иако, според авторот на снимката, соработникот на Кључевската вулканолошка станица Јуриј Демјанчук, престојот на подрачјето на вулканот во моментов е многу опасен за луѓето, овие предупредувања не ги спречуваат туристите да го посетуваат. „Луѓето доаѓаат да ја погледнат ерупцијата, а не се свесни на какво ризик се излагаат. Од пирокластичниот тек не може да се побегне, температурата во него може да биде и 800 степени Целзиусови. Опасност претставуваат и облаците од пепел и одроните“.
Соработниците на институтот непрекинато ја следат состојбата на вулканот.
Шивелуч стана активен кон крајот на јули, по силниот земјотрес на Алјаска. Експертите не ја исклучуваат можноста дека сé поголемата активност на вулканот може да доведе до силна ерупција. Според нивните пресметки, пепелта би можела да достигне висина до 12 километри.
Шивелуч е најсеверниот од активните вулкани на Камчатка. Се состои од три основни дела: вулканот Стар Шивелуч, старата калдера и активниот вулкан Млад Шивелуч. Вулканот се наоѓа 450 километри од главниот град на регионот Петропавловск-Камчатски, стар е 60-70 илјади години, неговиот првобитен назив му е Суелич, што на јазикот на домородните народи значи „планина што чади“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче