Најпопуларните дестинации во Русија за патување со автомобил

Елена Сикорскаја/Global Look Press
Сервисот OneTwoTrip ги наведе трите најпопуларни дестинации во Русија за патување со автомобил летово.

Ова трио го сочинуваат: Крим со 17% од испитаниците, Краснодарскиот крај со 11%, Санкт Петербург и Ленинградската област со 6%. Сé поголем е и интересот за патување во Карелија (4%), обиколка на градовите на Златниот прстен (3.5%) и посета на планините Алтај (3%). Околу 13% од испитаниците се подготвени да патуваат со автомобил во соседните земји (Абхазија и Грузија), но стравуваат од проблеми и ограничувања поврзани со коронавирусот.

Пребарувачот покажа дека на патување со автомобил барем еднаш во животот биле 88,7% од испитаните граѓани. Поретко од останатите со автомобил патувале луѓето помлади од 25 години. Главните причини зошто луѓето не оделе далеку со автомобил се: 30% немаат автомобил, 21,2% не сакаат да губат време на пат, 18,2% не сакаат долги патувања или претпочитаат да патуваат со авион.

39,3% од испитаниците се подготвени да патуваат со автомобил повеќе од два дена, 20,5% максимум два дена. На 17% од анкетираните не им пречи да поминат на пат од 8 до 14 часа, а на 12% од 14 часот до 24 часот.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња