Илустрација
Yuri Kim/TASSКорисници на социјалните мрежи разменуваат видео клипови од превојот Дедушкина лисина што се наоѓа на 243 километар на федералниот автопат Колима. Тие со жалење констатираат „изгледа дека краткото магаданско лето веќе заврши“.
Снежните врнежи на северот на овој регион кон крајот на јули и почетокот на август се вообичаена појава, велат за новинската агенција РИА „Новости“ од уУправата на регионалната хидрометеоролошка служба. Во континенталните делови на Магаданската област доаѓа до снежни врнежи кон крајот на јули и во август речиси секоја година.
Во овој момент се забележани ноќни мразови. Во текот на денот и на северот и во крајбрежјето на Колима паѓа дожд, велат за агенцијата. Во јуни, исто така, после силните снежни врнежи во Краснодарскиот крај во Русија се појавија големи снежни наноси.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче