Двамилионитата патничка е жителка на Омск, која со сопругот и петгодишниот син пристигна на одмор на Крим со авион на компанијата „Уралски авиолинии“, соопшти прес-службата на аеродромот.
Жителката на Омск доби на подарок од аеродромот ваучер за услуга во VIP-салата и сувенири, од авиокомпанијата ваучер за бесплатен лет во границите на Русија, а од Министерството за туризам на Република Крим ваучер за престој во детскиот тематски парк „Дримвуд”.
„Аеродромот Симферопол летово работи во услови на рекордна оптовареност, што пред сé е предизвикано од кризата во меѓународниот воздушен сообраќај и затворањето на границите на популарните странски дестинации“, истакна комерцијалниот директор на аеродромот Сергеј Дјајкин.
Тој потсети дека годинава од аеродромот летаат директни летови за шеесетина градови. Како што беше претходно соопштено, поради големиот број туристи аеродромот ја отвори и меѓународната зона на терминалот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче