Гаспром има амбициозен план за изградба на втората највисока зграда во светот. Облакодерот висок 703 метри, наречен Лахта 2, ќе биде малку понизок од Бурџ Калифа во Дубаи. Во исто време, новата зграда ќе го има највисокиот видиковец во светот - со 590 метри - и ќе го урне рекордот за највисок корисен кат. 703 не е случаен број - се однесува на 1703 година, кога Петар Велики го основал Санкт Петербург.
Планирајќи масовно снабдување на градот со гас, компанијата неодамна го заврши облакодерот Лахта со висина од 462 метри во Санкт Петербург, лоциран на Финскиот залив.
Новиот „Лахта 2“ ќе се наоѓа недалеку од првиот, и ќе формира цел стаклен кластер - „Лахта центар“, кој ќе може да се види дури и од историскиот центар на градот.
Новата висококатница изразува интересна идеја инспирирана од енергијата во сите нејзини форми, од спирални енергетски бранови генерирани околу квазарот длабоко во вселената до спирални бранови во водата, вели Тони Кетл, британски архитект кој го предводи проектот. Тој додаде дека дизајнот на новата зграда ќе биде координиран со оној на стариот.
Жителите на градот, кои се критични кон првата „Лахта“, не изгледаат изненадени од ова. Некои дури се шегуваат преку Интернет дека новиот дизајн изгледа како џиновски мразулец (иронија е што мразулците честопати се голем проблем во градот во текот на зимата). Други, пак, мислат дека изгледа како Исенгардската кула на Господарот на прстените, каде што живее белиот волшебник Саруман.
На што ве потсетува Вас овој дизајн?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче