Пробните тури на крстарења со возови започнаа со реализација. Станува збор за проект на Агенцијата за стратешки иницијативи „Развој на крстарења по железница во Русија“, кој беше поддржан од стручната јавност, пренесуваат руските медиуми.
„Вагоните во овој случај истовремено имаат улога на мобилни хотели на тркала, ресторани и центри за забава“, се вели на телеграм-каналот на агенцијата. За време на запирањата во одредени градови ќе бидат организирани обиколки.
Како што наведуваат од агенцијата, во рамките на оваа иницијатива треба уште да се внесат измени во законот, да се формираат флексибилни тарифи за туроператорите и патниците и да се разработат јасни и отворени правила на соработка на туристичкиот бизнис и железничките превозници.
Цената на крстарењата засега не е позната.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче