Најтајните места во Советскиот Сојуз

Getty Images
Советски научноистражувачки центри за нуклеарно и биолошко оружје, подземни бази на воената морнарица, моќни радари и дури првиот советски хадронски колајдер. Советскиот Сојуз внимателно и сигурно ги чувал своите најголеми тајни. Russia Beyond-Македонија ви ги претставува најинтересните од нив.

Колајдерот во Протвино

Во текот на осумдесеттите години од минатиот век Советскиот Сојуз започнал изградба на хадронски колајдер во научниот центар „Протвино“ во Московската област. На длабочина од 60 метри конструиран е тунел во облик на прстен долг 21 километар. Кога СССР се распадна, истражувањата беа запрени, но научниците и понатаму водат сметка за колајдерот, надевајќи се дека проектот повторно ќе заживее.

Радиокомплексот „Сура“

Лабораторијата за истражување на јоносферата под назив Мултифункционален систем Сура се наоѓа во Нижегородската област. Првобитно служела за воени цели – тука се проучувани нови методи на климатско оружје сè дури во 1977 година Организацијата на обединетите нации не ги забранила ваквите истражувања. Оттогаш СУРА се користи само за проучување на јоносферата.

Ракетниот силос „Двина“

Напуштениот ракетен комплекс „Двина“ се наоѓа на територијата на денешна Латвија. Називот го има добиено по Западна Двина, најголемата река во Латвија. Комплексот имал четири силоси за лансирање балистички ракети R-12 кои можеле да погодуваат цели на оддалеченост од 300 до 3.500 километри.

Загорск 6

Советскиот вирусолошки центар во воената населба Загорск-6 во Сергиев Посад (Московска област) познат е по проучувањата на бактериолошко оружје. Кога во 1959 година група пратеници од Индија донела во Советскиот сојуз крупни сипаници, научниците го искористиле тоа и направиле ново биолошко оружје „Индија-1„. Бактериската култура ја сместиле во Загорск-6, кој и денес има статус на затворена населба.

Арзамас 16

Куќата на академик Андреј Сахаров кој ја проектирал првата советска атомска бомба

Во градот кој се викал Арзамас-16 се создавало советското нуклеарно оружје. Градот долго време бил затворен, па работниците и членовите на нивните семејства не смееле да го напуштат. Денес овој град се вика Саров и во него сè уште се вршат истражувања на нуклеарно оружје.

Балаклава

Во тајната подземна база „Објект 825 ГТС“ во градот Балаклава на Крим советските подморници биле секогаш држени во подготвеност за нуклеарен напад. Во овој голем комплекс можело да собере 14 подморници. Денес е претворен во музеј и е отворен за јавноста.

Свердловск 45

Тајниот град Свердловск 45 е основан во близина на локалниот објект за збогатување ураниум. Бил мета на странските разузнавачки служби. Во близина на градот е соборен прочуениот пилот Френсис Пауерс во шпионскиот авион Ју-2. Некогашниот Свердловск-45 денес се нарекува Лесној и сè уште има статус на затворен град.

Скрунда 1

Радарите „Днепар-М“ и „Днестар-М“ се наоѓале во затворениот град Скрунда-1 во западна Латвија. Тие ја покривале цела Западна Европа и можеле да го детектираат секое лансирање на балистичка ракета во тоа подрачје. Во деведесеттите години од минатиот век Скрунда-1 бил напуштен и денес личи на град на духовите.

„Објект 221“

Тајниот резервен центар за управување со советската воена морнарица „Објект-221„ или „Нора“ („дупка“) се наоѓал во близина на Севастопољ на Крим. Овој огромен комплекс бил заштитен од нуклеарни напади. Од него можело да се управува со цела Црноморска флота.

Островот Возрождение

Поради пресушување на Аралското езеро островот Возрождение пред неколку години стана дел од копното. Во советско време тука се тестирало бактериолошко оружје. На островот се наоѓале единиците на воената морнарица и на воздухопловството, како и научен центар. Деталите за нивната работа сè уште се под печатот на државна тајна.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња