Последниот месец од 2020 година во многу руски региони падна снег. А снежните навеви го покрија зимското одморалиште Шерегеш во Сибир уште кон средината на ноември, кога и беше отворена сезоната на скијање.
Кон крајот на ноември падна снег во Норилск, еден од градовите на Крајниот Север. Сега го има толку што мештаните скокаат во снегот како во базен!
Поради снегот не можеше да се дојде ни до аеродромот во Норилск. Патот беше затворен од 26 ноември до 3 декември.
Кон крајот на ноември снег падна и во Москва.
Во ноември снегот го затрупа и селото Териберка во Мурманската област на Крајниот Север.
Мурманската област е целосно покриена со снег.
На 6-7 декември снег падна во Магадан, град на североистокот на Русија.
На првиот снег му се радува и далекоисточен леопард во националниот парк на Приморскиот крај.
На 7 декември температурата во Ојмјакон, едно од јакутските села, падна до -50 Целзиусови степени. Учениците можат да останат дома дури од −52 ºС, така што тој ден сé уште беше училишен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче