Ретко кој жител на Русија имал можност во текот на животот да ги посети сите 85 региони на својата земја. Се смета дека се среќни оние кои посетиле само половина од тоа! А речиси секој во Русија притоа би сакал да ѕирне во најоддалечените краишта и да ги запознае сите републики со нивните етнички специфичности.
Во пресрет на Денот на националното единство, рускиот празник што се слави на 4 ноември, Групата компании РЕГИОН го објави проектот под називот „Русија: Лет низ вековите“. Целта на проектот е да ги поведе луѓето на патување низ целата земја и да им овозможи да ги истражат нејзините пространства и убавини.
Меѓу неколкуте илјади фотографии на познати фотографи и локални аматери организаторите одбраа за проектот околу 200 снимки кои се објавени како фотоалбум. Исто така, приредија и изложби на кои е претставен изборот фотографии од сите 85 региони. Во Москва изложбата се одржува на аеродромот Шереметјево.
„Овие фотографии ја одразуваат разноликоста на Русија, нејзината мултиетничност, мултиконфесионалност и специфичностите на нејзината природа: од Камчатка до Калининград“, вели Јуриј Короткив, координатор на проектот.
За вас одбравме некои од најубавите!
1. Република Саха (Јакутија). Арктичкиот планински венец Улахан-Сис.
2. Чукотски автономен округ. Поларна светлина во градот Анадир.
3. Камчатски крај. Есен на вулканот Толбачик.
4. Република Бурјатија. Девојче од семејство номади.
5. Иркутска област. Островот Огој на Бајкалското езеро.
6. Краснојарски крај. Чувар на ирваси од полуостровот Тајмир.
7. Република Калимикија. Калмичка двогрба камила на зајдисонце.
8. Ростовска област. Зајдисонце на реката Дон.
9. Република Дагестан. Селото Анди на Кавказ.
10. Република Карелија. Планинскиот парк Рускеала.
11. Ненецки автономен округ. Чувар на ирваси во својот шатор.
12. Карачаево-Черкеска Република. Црквата Шоана.
13. Ставрополски крај. Лето во Ставропол.
14. Воронешка област. Дивногорскиот Успенски пештерски манастир.
15. Костромска област. Есен во Кострома.
16. Московска област. Градот Коломна.
17. Волгоградска област. Фестивал на лубеници.
18. Санкт Петербург. Ново-Коњушени мост.
19. Новгородска област. Традиционална руска изба.
20. Калининградска област. Курскиот провлак.
Други интересни фотографии на руските региони можете да погледнете на сајтот на проектот: www.rossiapoletcherezveka.ru
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче