Најатрактивниите зони за фотографирање во Русија: Само за вистинските љубители на екстремни авантури

Grisha Nero/youtube.com/
Самиот факт дека сте се нашле на некоја од овие локации претставува своевидна авантура. Некои од нив се еднакви на закана по живот, додека до други може да се стигне само со заобиколување на обезбедувањето.

Рудник „Мир“

Дупката во земја со огромни димензии во подножјето на гратчето Мирни не е ништо друго освен  дијамантски рудник. Бездната со 525 метри длабочина и пречник од 1,2 километри изгледа неверојатно. Рудникот во најголемиот и најмалку населен регион на Русија – Јакутија, е главната знаменитост на ова подрачје. Толку е голем што се гледа од вселената.

„Впечатокот е навистина некако вселенски. Рудникот се наоѓа на крајот на градот и кога и да погледнеш во јамата си мислиш ако ѕидовите почнат да се рушат целиот град ќе пропадне под земја“, вели Евгениј од Санкт Петербург кој се најде овде. Во принцип не постои закана дека ќе дојде до рушење. Рудникот има видиковец за снимање атрактивни фотографии до провалијата.

Разладна кула

Ретко кој ќе си го ризикува животот да влезе во напуштена кула за ладење вода во термоелектрани. Едноставно тоа е премногу опасно. Една таква разладна кула се наоѓа во рускиот Приморски крај во градот Артјом, во Артјомовската термоелектрана. Електраната не е напуштена, постојат и разладни кули во функција.

До врвот водат скалила кои својот изглед го должат на закривената кула чиј облик го следат. Висока е 55 метри, а на врвот има испусти и балкони. Качувањето на врвот не е за оние со слаби нерви, но фанатиците по урбан туризам и ефектни фотографии влегуваат и внатре. Делот од кулата по кој можете да се спуштите, се разбира, е затворен, но луѓето наоѓаат начини и тука да се провлечат.

Напуштен магацин за жито

Стратешкиот магацин на „Госрезерв“ во Тулската област е затворено затоа што е застарено, а неговото одржување стана прескапо. Инаку и претходно беше нешто како некаква голема вреќа за црни денови и во случај во земјата да се појават проблеми со жито.

Магацинот може да се гледа и како подземен град на 126 илјади квадратни метри. Има огромен број тунели толку долги што со сноп светлина на лампа не може да се досегне крајот. Нешто слично и од слично искуство ни посведочи и момчето по име Александар, фотограф и истражувач на напуштени дестинации. Поранешниот магацин има обезбедување, но постојат и обиколници. На сајтот на сталкерите се наоѓа предупредување: Ако ве забележат веднаш ќе повикаат полиција.

Сибирски „Малдиви“

Светлото тиркизно езеро во предградието на Новосибирск стана популарно како локација која потсетува (ако се избере вистинскиот агол) на елитно одморалиште. Но, постои едно големо „но“. Би било повеќе од страшно ако паднете во неговите води.

На приодот до езерото се чувствува силен мирис на прашок за алишта, хидроксид. Кога се спуштате нема мирис, но природно, немате никаква желба да допрете таква вода. Се чувствува дека местото е многу небезбедно, вели локалниот новинар Михаил Решетников. Всушност станува збор за депонија на пепел од локалната термоелектрана, а азурната боја на водата е последица на среќниот спој на длабочината и нејзиниот состав. Контакт на кожа со водата доведува до алергии, а да се излезе од водениот басен без нечија помош е речиси невозможно поради обилната кал на дното.

Жичарница на планината Ај Петри

Планината Ај Петри спаѓа во најпосетените туристички места на Крим, меѓутоа, тоа не ја прави ништо помалку егзотична. Овде е изградена жичарница со еден од најдолгите слободни распони во Европа. Постои и импресивна висечка жичарница за пешаци. И без оглед што станува збор за официјална туристичка атракција, многумина ја сметаат за многу ризична.

Одоздола, се разбира, има феноменален поглед, меѓутоа, инстинктот за самоодржување ме спречи да уживам во тоа. Оградата е само од јажиња, а камењата наместа измазнети и лизгави, вели Наталија од Екатеринбург.

Езеро со сулфурна киселина на Камчатка

На Камчатка има толку недопрени места погодни за атрактивни фотографии што може да се направи цел список. Меѓутоа, без конкуренција е застрашувачкиот вулкан Мал Семјачик со кисело езеро во кратерот. Поради смртоносниот хемиски состав на водата во езерото нема ниту една форма на живот.

Симнувањето до езерото е можно само северната страна и обврзани сте да се осигурате со јаже. Или морате да користите хеликоптер.

Ојмјакон зиме

Ојмјакон е село на истокот на Јакутија, место со најсуровите услови за живот. Температурата зиме се спушта до 50-60 степени под нулата. Екстремната температура е генерално клучната знаменитост на овој локалитет.

Секој посетител на Ојмјакон многу брзо го покрива специфична „шминка“, а омилената претстава наменета за туристите е валкањето на голи мештани во снег. Со други зборови, атрактивните фотографии се загарантирани.

Покривите на Москва-сити

Облакодерите на деловниот центар Москва-сити спаѓаат во највисоките во Европа, а нивните покриви можете да ги посетите доколку се одлучите за специјална тура. Покривите се на висина од 200 и повеќе метри. Најекстремно доживување дава покривот на кулата Еволуција со стаклена ограда, подигнат на висина од 300 метри од земјата. Највисок е покривот на станбената кула ОКО.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња