Украсот на Алтај: Како на снимки од воздух изгледа розовото Бурлинско езеро

Teлевизијата РТ објави снимки од соленото Бурлинско езеро во Алтајскиот крај кое во овој период попримува розова боја. Тоа се случува поради раковите Artemia salina кои живеат во овој воден басен. На топло и суво време тие лачат розов пигмент.

Максималната длабочина на Бурлинското езеро изнесува околу два и половина метри. Од 18 век од езерото се вади сол. На дното на езерото се наоѓаат шини по кои сообраќа комбајнот за сол, минералите се собираат во вагони и се транспортираат во производство.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња