Москва ќе добие речен јавен сообраќај

Константин Колошкин/Global Look Press
Се очекува редовните речни линии во рускиот главен град да почнат да функционираат по две години.

Планирано е во најскора иднина во Москва да се појави речен јавен патнички сообраќај. Московјаните и гостите на градот ќе можат да го користат како алтернатива на вообичаените типови на транспорт. Ова го соопшти секретаријатот за сообраќај на град Москва.

Се очекува редовните речни линии да профункционираат за две години. „Речните трамваи“ ќе сообраќаат на секои 4-10 минути со можност за плаќање на возењето со картичката за сите типови московски јавен сообраќај „Тројка“.

Претходно градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин најави дека московското метро ќе биде удвоено. Тој додаде дека 70% од оваа програма се веќе усвоени. Притоа градоначалникот истакна дека ќе продолжи да презема мерки за подобрување на сообраќајната ситуација во престолнината, инаку, според неговите зборови, „градот просто ќе се засркне“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња