Сочи
Артур Лебедев/SputnikКамерата полека поминува преку луѓето кои стојат во ред за висечката жичница, чиј крај се губи во далечина. „Просто ужас“, коментираат авторите на снимката.
На друга снимка една жена се заканува дека ќе објави сé на интернет, кога од неа бараат да плати за ладовината што паѓа врз неа од соседната тенда. „Значи вие земате пари за сенка, ако добро разбирам? Секоја чест“, вели таа, на што полугол „продавач на сенка“ ветува дека ќе ја укине сенката“.
„Во Турција е вклучено сé (all inclusive), а во Сочи е исклучено сéˮ, се шегуваат на социјалните мрежи. Сопственичка на локален бизнис констатира: „Чувствувам Сочи како да ќе прсне наскоро. Ваква навалица никогаш не сме имале. Тоа е просто пекол за мештаните“.
Поради затворените граници граѓаните на Русија првпат немаа избор помеѓу домашните и странските дестинации. Единственото прашање беше: Дали воопшто да се оди на одмор? И 50% одлучија да не одат никаде. Затоа другата половина тргна на одмор и покрај сé. Во Сочи, едно од најпопуларните летувалишта на југот на Русија, за време на пандемијата имаше повеќе народ отколку на Олимпијадата 2014.
Сочи
Валериј Шарифулин/TASSКрим, Сочи и Краснодарскиот крај се, според податоците на туристичките агенции, најбарани дестинации. Аеродромите во овие градови соборуваат рекорди по оптовареност. Продавачите на авиобилети забележуваат: цените за летови во земјата годинава се пониски. Според податоците на Aviasales и „Туту.ру”, просечната карта до Сочи е поевтина за 20%. „Со недостиг од места нема проблем. Затоа што многу туристички агенции ги префрлија своите меѓународни чартери на нашиот брег“, вели за Russia Beyond Татјана Петрова, сопственик на туристичката агенција „Туроманијаˮ.
Меѓутоа, тоа е сé кога станува збор за финансиските поволности. Хотелите, на пример, поскапеа, во споредба со минатата година, за најмалку 40%.
Сочи
Артур Лебедев/Sputnik„Бевме во населбата Нов Свет, шетавме по Голицинската патека, се качувавме на планината Ај Петри и сето тоа е неверојатно убаво. Токму поради тоа сакаме уште многу пати да го посетиме Крим. Но, нашиот одмор помина под знакот на „кримското безобразие“. Еден возач ни рече дека единствениот проблем со услугите на Крим е во тоа што услуги не постојат. И тоа е точно“, вели дописничката на Russia Beyond Викторија Рјабикова која го посети Крим.
„Проблемите почнаа кога го напуштивме аеродромот и се обидовме да нарачаме такси. А освен тоа, тие се потполно луди. Во Јалта на нашето барање за превоз до Алупка половина час никој не сакаше да се согласи. Се плаќа само со готовина“, вели Викторија. Според неа, најголемиот проблем со цените на Крим се цените на храната. „Во рестораните цените ги подигнаа до московски висини, а порциите станаа непристојно мали. Половина мени е недостапно, затоа што на рестораните им недостасуваат потребните намирници“.
Сочи
Артур Лебедев/SputnikСпоред зборовите на претседателот на Крим Сергеј Аксјонов, од сите пандемиски рестрикции проблемот е самото социјално дистанцирање на плажите. „Не знам како да ги обврземе раководителите на одморалиштата да водат сметка за почитувањето на растојанието освен јавно да ги информираат луѓето“, вели тој.
Но, многумина посетители на Крим укажуваат на тоа дека речиси во целост се игнорираат мерките за претпазливост. „Јас во текот на овој период бев во сите региони и сега се наоѓам во Краснаја Полјана. 99% од луѓето не носат маски, во продавниците влегуваат без проблем, никој не обрнува внимание. Трговските центри се преполни, во рестораните нема распоред на седење со почитување на растојанието. Во многу дури ни масите не ги бришат со антибактериско средство, а може да се случи да не обрнат внимание на молбата да донесат антисептик за раце ˮ, истакнува Гербер.
Сочи
Артур Лебедев/SputnikТатјана Петрова вели дека луѓето се собираат во голем број во дискотеките, а плажите се преполни: „Еден наш познаник кој е сопственик на хотел на Крим ни кажа дека нема да го присилува персоналот да носи маски и ракавици на температура од +35°”.
Во помалку популарните летни дестинации како што се Алтај, Бајкалското езеро и Карелија, ситуацијата со мерките за претпазливост е подобра, тврдат туристичките агенции. Во планинските региони добрите хотели се исто така преполни и сé е резервирано неколку месеци однапред. „Но, услугата таму и понатаму е на ниво, нема огромна гужва, затоа што тоа е поактивен одмор и луѓето се движат на поголем простор. На Алтај може да се оди во секој момент, но ќе морате да се задоволите со хотели од пониска класа и по повисоки цени. Или можете да изнајмите приватно сместување“, вели Полина Гербер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче