За две години преку Кримскиот мост поминале речиси 10 милиони возила

most.life
Пред една година Путин прв го помина Кримскиот мост зад воланот на камион КамАЗ.

Преку Кримскиот мост од моментот на неговото отворање за изминативе две години поминале 9,5 милиони возила, вклучувајќи преку милион камиони и повеќе од 120 илјади автобуси. А сопствениците на автомобили и превозниците кои ги користеа бесплатните инфраструктурни објекти наместо поранешниот траект заштедиле повеќе од 35 милијарди рубли (околу 440 милиони евра), соопшти информативниот центар „Кримски мост”.

Точно две години поминаа откако на 15 мај 2018 година претседателот на Русија седна зад воланот на камион КамАЗ и се најде на чело на колоната градежна техника која прва помина преку грандиозниот мост долг 19 километри. Наредниот ден преку Керченскиот теснец тргнаа патнички автомобили и автобуси. За две години мостот го поминале речиси двојно повеќе автомобили отколку што керченскиот траекти превезол од 2015 година.

„Гледаме дека Кримскиот мост е потребен, во двата правци сообраќајот циркулира непрекинато“, истакна министерот за сообраќај на Русија Евгениј Дитрих. „Тој не само што со сигурност ги поврза двата брега, туку исто така даде и голем поттик на економскиот развој на полуостровот“.   

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња