На Чукотка пронајден исчезнат одгледувач на ирваси кој преживеал без храна 16 дена

Кирил Ујутнов
Одгледувачот на ирваси преживеал така што греел напуштена колиба ложејќи го она што му било при рака.

На Чукотка е пронајден одгледувачот на ирваси кој исчезна пред повеќе од две недели, односно на 21 декември, на патот кон селото Риркапиј, каде што тргна со моторна санка.

„Пронајден е, жив и здрав е, но ослабел, бидејќи не јадел 16 дена. Пронајден е во напуштена колиба, сега го возат во селото Риркајпиј. Не му е потребна лекарска помош“, изјави претставник на Единствената дежурна диспечерска служба на градскиот округ Егвекинот, додавајќи дека спасувачите соопштиле дека човекот е пронајден врз основа на последниот повик од сателитски телефон.

Како што за РИА „Новости” изјави претставник на администрацијата на Егвакинот, одгледувачот на ирваси преживеал така што ја греел напуштената колиба ложејќи го она што му било при рака.

„Тој тргнал за Риркајпиј и се изгубил. Потрагата траеше непрекинато, хеликоптерот тргна на 26 декември кон местото од кое последен пат се јавил човекот од сателитски телефон, а потоа му се потрошила батеријата. На крајот беше пронајден на друго место, на 200 километри од Риркајпиј. Го пронајдоа мештаните, односно група трагачи од Риркајпиј кои учествуваа во потрагата од почетокот“, соопшти соговорникот на агенцијата.

Според него, човекот многу ослабел, но се наоѓа во задоволителна состојба. Тој сепак ќе биде прегледан од лекарите.

„Кога го најдоа, му дадоа малку храна. Среќа што преживеал толку долго во тундрата“, додаде претставникот на администрацијата.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња