10 фотографии поради кои ќе посакате да отпатувате во Москва за божиќните празници

Тешко е да се биде среќен во ова еднолично време кое трае од октомври до април. Зимските празници се совршено време за откривање на главниот град на Русија.

Тешко е да се биде среќен во ова еднолично време кое трае од октомври до април. Зимските празници се совршено време за откривање на главниот град на Русија.

Кристина Макеева
Зимските празници се совршено време за откривање на главниот град на Русија. И покрај студеното сиво небо, Москва со својот сонлив изглед како од бајките никого не остава рамнодушен.
Разгледниците со блескави ледени визури обично пренесуваат лажна слика: за типичниот московјанин зимата значи лапавица и кал, валкани чизми, сиви облаци и исцрпени луѓе.
Руските празници траат првите десет дена од јануари. За разлика од Западот, Нова година овде е само почеток на забавата.
Додека странците обично уживаат во руската зима, самите Руси обично не ѝ се радуваат на долгата зима.
Но, постои и посебен период кога сè се менува.
Божик е периодот во кој Москва се покажува во најубавото светло.
Во ова време Русите поминуваат многу време на отворено, а Москва прави сè за да создаде вистинско празнично расположение.
Додека Русија има свои православни божиќни традиции, западниот стил веќе се вкорени во Русија.
Божиќни саеми, блескави украси, лизгалишта, топли кафулиња: Москва е особено прекрасна во ова време.
Во неа лесно можете да ја продолжите вашата лична бајка и во јануари!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња