Што прават камчатските лисици кога никој не ги гледа? (ФОТО)

Денис Будков
Руски фотограф забележа некои фасцинантни моменти од животот во дивината на крајниот исток на Русија.

Фотографот Денис Бутков живее во еден од најнепристапните и најубавите региони на Русија, на Камчатка. Тука, на крајот на Земјата, можете да се искачите на вулкан, да шетате покрај Тихиот океан и да бидете меѓу првите во Русија кои го дочекуваат изгрејсонцето.

Со својот објектив Бутков често лови уникатни моменти од животот на дивите животни, кои и не претпоставуваат дека некој ги набљудува.

Дали некогаш сте виделе како мечка ги учи своите мечиња да ловат риба?

Или ова проѕевање на лисица?

И животните сонуваат! Што мислите, за што мечтае оваа црвеноопашеста убавица?

Е, тоа е добар улов!

„Моја е рибата!” „Не е, туку е моја!”

„Ух, овие туристи! Доаѓаат само да го гледаат вулканот, а јас всушност сум главната атракција!“

Се чини дека ова е првата зима за овој орел. Изгледа импресиониран од снегот!

Освен животни, Денис фотографира и снежни ридови, ледени пештери и ретки чуда на природата. „Ова е трет пат за седум години да имаме среќа да уживаме во оваа преубава глетка. Зраците на сонцето што се пробиваат низ тенкиот свод на снежната пештера ја создаваат оваа неверојатна убавина“.

Денис е признаен за еден од најдобрите фотографи на светот на бројни национални и светски натпревари, како што се Најдобар фотограф на дивиот свет во избор на BBC и GDT, Монтфото, HIPA, Најдобриот во Русија и други. Тој организира и фотографски тури на Камчатка за да им даде можност на луѓето со свои очи да ја запознаат оваа живописна земја.

Погледнете повеќе: 12 животни на северот на Русија кои достигнале зен (ФОТОГРАФИИ)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња