Овој напуштен коп со право го нарекуваат Уралски Марс! Фотографии од Свердловската област

Анастасија Некрасова
Кога еднаш ќе го видите ова со свои очи, ништо повеќе нема да ве изненади на Црвената планета!

На 100 километри од Екатеринбург има едно извонредно место кое неверојатно потсетува на Црвената планета, а локалното население го нарекува Уралски Марс.

Глинените ридови се протегаат 20 километри, а вкупната површина на напуштениот коп за глина изнесува 75 квадратни километри.

Копот постои од 19 век, а во 1930 година овде е изградена и првата циглана.

Во Богдановическата  фабрика е правена црвена тула за уралските металуршки комбинати.

Глината тука е со различни бои и нијанси, од бела, преку жолта и црвена до црна.

На Уралскиот Марс флората речиси и да не постои, но ќе видите неколку сини и црвени реки и езера, поради кои ќе ви се стори како да сте на некоја далечна планета.

Капењето во таква вода е забрането, бидејќи необичната боја ја прави фабричкиот отпад.

Но, никој нема да ви забрани да направите серија фотографии од Марс, или пак да направите филм за освојувањето на вселената.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња