Кримски мост: железничкиот премин ги спои Таманскиот и Керченскиот полуостров

© most. life/Global Look Press
За изградба на колосекот во должина од 19 километри беа потрошени пет илјади тони пруга и околу четириесет илјади прагови.

На железничката делница на Кримскиот мост, најдолг во Русија (19 километри), поставен е првиот пружен колосек со кои се спојуваат Таманскиот и Керченскиот полуостров. Остана уште да се постават седум километри пруга на вториот колосек со што работата ќе влезе во завршница, пренесуваат руските медиуми.

За работата да се одвива колку што е можно побргу градежните екипи се движеа од едни кон други од двете страни на Керченскиот мореуз. Се сретнаа и го споија првиот пружен колосек токму под железничкиот лај на овој мост чиј друмски дел беше отворен за сообраќај на 15 мај минатата година.

Аркадиј Ротенберг, претседател на Советот на директори на изведувачите на работата, компанијата Стројгазмонтаж, нагласи дека првиот пружен колосек на железничката делница на Кримскиот мост е поставена пред предвидениот рок. Наскоро работите ќе влезат во завршна фаза, по што по железничкиот мост ќе тргнат првите возови.

Паралелно со поставувањето на пругата се градат железнички приоди до мостот од обете страни на мореузот и се прават нови железнички станици.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња