Да почнеме од тоа дека од Русија можат да се депортираат само странци. И понекогаш до тоа може да доведат прилично наивни дејствија.
Едно семејство етнички Руси коe се преселилo од Туркменистан во Смоленск во 2016 година и поднело барање за руско државјанство, се соочило со закана за депортација кога таткото го преселил своето четиричлено семејство од старото службено живеалиште во нов стан во истиот град.
Според рускиот миграциски закон, странците мораат да престојуваат на својата службена адреса. Преселувањето на семејството е протолкувано како „давање лажни информации“.
Семејството успеа да ја избегне депортацијата дури по долга судска постапка и многу писма упатени до политичари, до полицијата, па дури и до претседателот.
За разлика од САД, во Русија не важи законот jus soli, односно државјанството не се стекнува со тоа што човекот е роден на територијата на земјата. Во некои случаи тоа создава правна несигурност која може да доведе до разделување на семејството.
Во февруари 2019 година судот во Санкт Петербург издаде налог за депортација на родителите на четири деца од Авганистан (најмладото дете е родено во Русија). Семејството е спасено со барање привремен азил. Според рускиот закон, никој не може да биде депортиран додека чека одлука за азил.
Во меѓувреме, една Узбечка која родила дете во Твер имала помалку среќа. Депортирана е заедно со своето дете и морала да плати казна од 2.000 рубли.
Странците кои ќе заборават да ја продолжат својата дозвола за престој исто така ризикуваат. Во 2018 година еден Египќанец кој работел во пилана во Новогородската област бил депортиран од Русија зашто не поднел на време барање за продолжување на дозволата за престој.
Некои го искористија поедноставениот визен режим за фудбалските навивачи во текот на Светското првенство во 2018 година. Во февруари 2019 година државјани од Нигерија се уапсени во Ленинградската област и се протерани од земјата. Имено ти дошле да ја поддржат својата репрезентација, но решиле да останат во Русија и да поднесат барање за дозвола за престој. Кога тоа не им успеало, продолжиле нелегално да престојуваат на територијата на земјата.
Според податоците од Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација, околу 5.500 навивачи не ја напуштиле Русија по Мундијалот.
Понекогаш причината за депортација е повеќе од оправдана. На 11 декември 2018 година оперативци на Федералната служба за безбедност во Русија приведоа узбекистански државјанин поради обид да стапи во контакт со терористи во Сирија и им се придружи. Федералната служба за безбедност го предаде потенцијалниот терорист на узбекистанската полиција.
Лице кое еднаш е протерано од Русија нема право на влез во земјата во период од 3 до 5 години. Оние кои очајно сакаат да се вратат можат да се обидат да изведат некој трик со помош на промената на презимето, но казната може да биде уште поригорозна.
На 23 февруари 2019 година во Чељабинск полицијата уапси странец кој еднаш бил депортиран, па се вратил под друго презиме. Сега веќе се соочува со кривична пријава за незаконско преминување на руската граница и со казна затвор од четири години.
Затоа наш совет е секогаш да внимавате на рокот на вашата виза или на дозволата за престој, како и на тоа да не се обидувате да работите илегално. Во останатите случаи во Русија сте само добредојдени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче