1. Русија е единствената држава на светот во која 11 пати по ред се дочекува Новата година, затоа што таа има 11 временски зони! Кога на западот на Русија излегува сонцето, на истокот заоѓа.
2. Русија стана најголемата држава на светот кога Козаците во 16 век ги зазедоа териториите источно од Урал, Сибир и Далечниот Исток. Тие региони сочинуваат 77 % од територијата на земјата.
3. Русија и не е толку голема како што ја прикажува географската карта. Картата на фламанскиот картограф од 16 век Герардус Меркатор е направена за прецизна навигација, но ја искривила големината на предметите, односно копното, бидејќи практично тродимензионалната земјина топка е „развлечена“ во дводимензионална карта. Поради тоа земјите кои се поблизу до половите изгледаат многу поголеми отколку што навистина се, а земјите поблизу до екваторот се намалени. Затоа и Русија речиси двапати (53%) е помала од онаа што ја гледаме на картата.
4. Жителите на Калининград можат да го гледаат новогодишното обраќање на претседателот на „Јутјуб“ 10 часа пред Новата година, кога претседателот им се обраќа на луѓето на Камчатка.
5. Русија се граничи со повеќе земји отколку која било друга држава во светот– 18: со Норвешка, Финска, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Абхазија, Јужна Осетија, Кина, Монголија, Северна Кореја, Јапонија и САД (само со водена граница со последните две држави).
6. Патување со Транссибирската железница од Москва до Владивосток трае шест дена. Патот е долг 9288 км. Пред да се појави железницата во Русија, патување од Москва до Санкт Петербург траело околу шест дена, додека сега со брзиот воз „Сапсан“ се стигнува за три часа.
7. Русија е најголема држава во светот со површина од 17125191 км2. Азискиот дел на Русија е поголем од која било азиска држава, а европскиот е поголем од која било земја во Европа.
8. Во Русија може да се соберат пет Индии, 26 територии на Франција, 47 на Германија, 70 на Англија. Површината на Русија е поголема и од површината на планетата Плутон (16,6 км2).
9. Територијата на Русија зазема 10,995 отсто од вкупното копно на планетата Земја
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче