Напуштена и морничава: Ховринската болница која влева страв кај жителите на Москва

Игор Иванко/Агенција „Москва“
Болницата во Ховрино никогаш не беше завршена. Еве, веќе 30 години нејзиниот огромен морничав „костур“ стрчи во овој крај и влева страв кај жителите со многуте легенди кои се предаваат во врска со ова соблазно место.

На почетокот на осумдесеттите години од минатиот век советската власт одлучи да изгради една од најголемите болници со 1.300 кревети.

Избран беше московскиот реон Ховрино кадешто тогаш немаше болница.

Некои велат дека проектот е сличен на корпорацијата Umbrella од видеоиграта Resident Evil.

Изградбата беше замрзната во 1985 година поради финансиски проблеми или поради погрешна конструкција на темелите (сè уште не се знае точно), а потоа целосно беше запрена.

View this post on Instagram

#хзб

A post shared by Антон Яковлев (@yak_anton) on

Оттогаш љубителите на адреналинот ги истражуваат нејзините опасни ходници. 

View this post on Instagram

❌Выхода нет❌

A post shared by Андрей (@andreizanin) on

Празната и напуштена конструкција на болницата изгледа мошне морничаво. Во врска со ова место се раскажуваат мошне необични легенди.

Во текот на деведесеттите години од минатиот век се ширеа приказни дека тука некоја сатанистичка секта ги извршува своите ритуали, и дека во подрумите убивала мачки и кучиња-талкачи, па дури и луѓе.

View this post on Instagram

на крыше пиздато

A post shared by mashakalaitan (@mashakalaitan) on

Наркоманите, пијаниците и бездомниците тука минуваа време и организираа нелегални собири. Често на подот можеа да се најдат многу шприцови и скршено стакло.

Оваа морничава сива грдотија често беше и место на многу самоубиства. Тука дури имаше и споменик на тинејџер кој се самоубил поради невозвратена љубов.

View this post on Instagram

#хзб

A post shared by Dmitry Sorokin (@plague.error) on

Трагачите по авантури, а потоа и инстаграмерите се собираа тука за да ги „истренираат“ своите нерви и да ја фотографираат навистина морничавата атмосфера.

И покрај чуварите на многумина им тргна од рака да минат низ оградата, но некои од нив се здобиваа со тешки повреди во темнината на опасните скали и во празните отвори за лифтови.

View this post on Instagram

💫 🌸 💫 🌸 💫

A post shared by Карьяна Фриз🐍 (@missis_ro) on

Љубителите на теориите на завери дури и тврдеа дека болницата има неколку подземни нивоа каде се наоѓаат тајни лаборатории.

View this post on Instagram

💫 🌸 💫 🌸 💫

A post shared by Карьяна Фриз🐍 (@missis_ro) on

Погледнете го ова видео исто така: Видео: Седум „гробници“ на советското минато

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња