Русин организира балкански маратон од Триглав до Вардар

Фотографија од приватна архива
Дмитриј Гаврилов, авантурист од Русија, планира со велосипед да помине околу 1.600 километри низ територијата на 7 земји: Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија. На оваа тура ги повикува да му се придружат сите љубители на велосипедизмот од земјите во регионот. „Руска реч на македонски“ поразговара со Дмитриј и дозна детали за оваа необична акција на Русинот.

Дмитриј Гаврилов, лингвист од Мосва, вљубеник во Источна и во Јужна Европа. Овој необичен Русин зборува српски, а има и роднина во Босна со кој по долго време неодамна повторно воспоставил врска. Тие двајца иницирале несекојдневна идеја за организирање велосипедски маратон низ територијата на 7 балкански земји. Основаната идеја на маратонот е на симболичен начин да се зближат жителите на балканските земји кои беа разделени во времето на немилите настани од деведесеттите години од минатиот век.

Дмитриј ГавриловДмитриј Гаврилов

„Станува збор за серија патувања, а по Балканот, се надеваме, следува уште една акција со друга тема. Мисијата на маратонот претставува обиколка на земјите од поранешната голема Југославија од перспектива на личност која живеела пред 100 години, кога маратоните, спортот и меѓународниот туризам биле во зачеток“, вели за „Руска реч на македонски“ Дмитриј Гаврилов.

Дмитриј ГавриловДмитриј Гаврилов

Балканскиот маратон ќе се одржи во август годинава, а ќе трае точно 4 недели или 28 дена од 1 до 28 август.

Дмитриј ГавриловДмитриј Гаврилов

Дмитриј знае дека товарот на модерниот живот никому не му дава луксуз да учествува во неговиот маратон, па решил да го подели во четири етапи. Секоја ќе трае по точно една недела и оној што сака ќе може да се придружи на секоја од нив.

Дмитриј ГавриловДмитриј Гаврилов

„Оние авантуристи кои ќе решат да го извозат целиот маратон ќе минат со нас пат од 1.600 километри низ 7 земји: Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија“.

Дмитриј Гаврилов Дмитриј Гаврилов

Дмитриј и екипата ќе го започнат патот од главниот град на Словенија – Љубљана и ќе го завршат во Скопје во Македонија.

„Уверен сум дека тоа ќе биде една од најинтересните и најважни авантури во животот на сите оние кои ќе решат да земат учество. Но, секое возбудливо патување има свои недостатоци – ги молиме сите да се подготват за овој сложен тест, започнувајќи со кратки релации додека оддалеченоста од 100 километри не им биде основен минимум“, наведува Дмитриј.

Дмитриј Гаврилов за својот потфат планира да сними и документарен филм, а редакцијата на „Руска реч на македонски“ ќе го следи овој несекојдневен настан.

Фејсбук страницата на Дмитриј Гаврилов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња