Норилскaта железница: изолирана линија длабоко во внатрешноста на поларниот

Норилската железница претставува една од најекстремните транспортни траси на светот. Поминува низ тешко пристапна тундра, а ги поврзува рударските градови Норилск и Талнах со пристаништето Дудинка на реката Енисеј.

Норилската железница претставува една од најекстремните транспортни траси на светот. Поминува низ тешко пристапна тундра, а ги поврзува рударските градови Норилск и Талнах со пристаништето Дудинка на реката Енисеј.

Сергеј Болашенко
Сместена далеку над поларниот круг, Норилската железница не е поврзана со железничката мрежа на остатанатиот дел на Русија. Возовите кои до ова место се испорачуваат со брод, остануваат тука засекогаш.
Сместена во внатрешноста на поларниот круг, оваа пруга е посебен пример на изолирана линија, одвоена од останатата железничка мрежа на Русија.
Климата во Северен Сибир е брутална. Зимите овде трааат 8 до 9 месеци. Температурите често паѓаат под минус 40 степени Целзиусови, а силните ветрови го прават животот безмалку неподнослив. Меѓутоа, железничките работници се приморани да работат и во такви услови.
Пругата поаѓа од пристанишниот град Дудинка. Пристанишните дигалки се преселуваат од пристаништето за време на висок водостој.
,,Повеќе од 20 години сонував да патувам со Норилската железница'', вели Сергеј Болашенко, вљубеник во железнички пруги. Тој има патувано на скоро сите железнички линии во Русија.
„Оваа мистериозна изолирана линија, оддалечена илјадници километри од мојот дом, долго време ја поттикнуваше мојата фантазија“. – продолжува Болашенко.
Преку две децении Сергеј прави прецизни фото извештаи од руските пруги. Своето патување со Норилската железница од јуни 2010 г. го опишува како едно од најинспиративните.
Историјата на Норилската железница почнува во 30-те години на минатиот век, кога советските власти носат одлука тука да отворат рудник. За потребите на рудникот изградена е пруга со тесен колосек. На почетокот на 50-те пругата е реконструирана и направена е со стандардното растојание меѓу шините од 1,52 метри, како и повеќето пруги во Русија.
Повеќето градители на пругата биле затвореници на ткн. ГУЛАГ-и, а во оваа област пристигнувале со брод преку пристаништето Дудинка на реката Енисеј. // Околината на станицата Складскаја покрај Норилск.
Локомотивите и вагоните се испорачувани по истиот пат како и затворениците, со оглед на тоа дека не постои директна железничка врска со останатиот дел на Русија.
Сталин имал планови да ја продолжи поларната железница и директно да ги поврзе стратешки важните норилски рудници со Москва. Овие планови пропаднале по неговата смрт во 1953 година. // Поглед на Норилск.
Кон крајот на 60-те спроведена е електрификација на пругата, што створило услови за редовен превоз на патници.
Новите меѓуградски возови биле многу популарни меѓу локалното население, посебно во текот на зимата кога патниот сообраќај се соочува со чести прекини поради неповолните временски услови.
Меѓутоа, во 1998 г. патничкиот сообраќај со Норилската железница е прекинат поради неисплативост.// Котларница во околината на Норилска.
Електричниот погон на возовите е демонтиран од моментот кога сопственикот на пругата реши да ги активира дизел локомотивите. // Станицата Голиково, околината на Норилск.
Долж пругата може да се видат остатоците на некогашните меѓуградски возови. Во овој регион не постојат фабрики за преработка на метал, а превозот на овие вагони до најблиската таква фабрика би бил прескап.
Линијата на Норилската железница се завршува во рударскиот град Талнах.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња