Патнички авион „Алиталиа“.
РојтерсМладичот Виталиј кој во авионот Москва-Барселона за Русите рече дека се „г...о“ се извини за своите зборови.
„Јас имам добар однос спрема Русите, затоа што тоа е мојата татковина. Тие зборови не се однесуваа на рускиот народ, туку на луѓето во авионот. Едноставно се напив малку повеќе и затоа ме казнија. Не сфаќам зошто сите заклучија дека не ја сакам нашата земја. Многу ми е срам“, изјави Виталиј, пренесува „Рамблер”.
Инцидентот се случи на 26 јули. 22-годишниот Виталиј запалил цигара во авионот и почнал да ги навредува патниците. Патникот Кирил Корољов му се доближил и го удрил со тупаница.
Својата постапка Корољов ја објаснува со тоа што не сакал посадата на авионот да го спушти авионот среде летот. Според зборовите на патникот, по ударот момчето „седна на своето место, го закопча ременот, се навреди и заспа“. Според информациите на некои медиуми, Виталиј е активист на ЛГБТ заедницата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче