Мост на реката Нева. Санкт Петербург, Русија.
Global Look PressВо Управата за транспорт на МВР за Северо-Западниот федерален округ изјавија дека активистот заедно со групата за поддршка е приведен поради тоа што ги немал неопходните дозволи за престој во акваторијата на поморското пристаниште.
„Ни дозволија да излеземе на брегот, поседовме, се загреав. Потоа нѐ однесоа во станица, ни зедоа изјави. Раскажавме што правевме, по што нѐ пуштија“, изјави Середкин, пренесува „Лента.ру“.
Тој нема намера да го повтори подвигот. Сега неговата цел е да го преплива Ла Манш, нешто што не му успеа минатата година.
Во вторникот, 25 јули, Середкин за 14 часа преплива 74 километри по реката при температура на водата од 15 степени Целзиуссови. По патот го придружуваа два чамци.
Середкин не е професионален пливач.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.