Извор: Аљона Репкина
Не е ли безумна руската традиција за капење на студот во дупка во мраз? Таа се поврзува не само со празникот Богојавление, ами и со паганските обреди. Во секој случај при почитување на сите правила за безбедност оваа постапка е корисна за оние кои сакаат да го зајакнат имунитетот и да го зацврстат организмот. Па, ако сте љубител на контрастен туш или сакате да му предизвикате на организмот лековит „потрес“, нурнете се во ледените води!
Помнете неколку вредни совети за почетници, за да не настинете. Најважно е да бидете здрави и да чувствувате во себе искрена желба и решеност да се нурнете во ледената вода. Задолжително треба да носите топла облека и да понесете со себе пријатели - дефинитивно не вреди да го правите тоа сами.
Пред капењето загрејте се, но така што нема се испотите. Треба да се нурнете во вода без да ја намокрите главата, а потоа да се вратите на брегот и да се преоблечете во топли чорапи, џемпер и јакна. Глинтвајн или традиционален топол чај со мед и слатко исто така нема да ви наштети!
Цена: бесплатно
Каде: само во вода каде е направена дупка и е специјално наменета за тоа
Кога: во поголемиот дел на Русија тоа може да биде направено од крајот на ноември до март. Самото Богојавление се одбележува на 19 јануари.
Извор: Аљона Репкина
Доколку во детството сте сонувале да стане космонаут или едноставно сакате вртоглави чувства, тогаш центрифугата во која тренираат идните покорител на вселената е атракција за вас.
Центрифугата е машина за симулација на човечкото преоптоварување при полетувањето и при слетувањето на вселенски брод, каде што тежината се зголемува неколку пати. Да се повртите во неа може во поранешното затворено гратче покрај Москва, чија локацијата порано се чуваше во тајност, бидејќи таму се наоѓа Центарот за подготовка на космонаути.
Во центрифугата е дозволено да влезат само лица со наполнети 18 години. Задолжително ќе ве набљудуваат медицински работници и при првиот проблематичен сигнал ќе го запрат експериментот. Покрај возбудата, ова е шанса да се провери центарот за рамнотежа и да се почувствувате како космонаут.
Велат дека по ротацијата во центрифугата се чувствуваш небаре врз тебе поминал слон. Тоа, пак, може да се провери!
Цена: од 75.000 рубли (околу 1000 евра)
Каде: Ѕвезден град
Извор: Аљона Репкина
Цена: од 550.000 до 850.000 рубли (од 7.500 до 11.500 евра)
Каде: Ѕвезден град
По медицински преглед и детална инструктажа може да се доживее целиот комплекс фигури од вишата пилотажа на авионот МИГ-29 - и лупинг и страничен лет, па дури и лет со главата надолу, но само како патник.
Ловецот се искачува на височина 22 километри, од каде се гледа далечната Земја и периферијата на вселената - бесконечна и загадочна.
Цена: од 75.000 рубли (околу 1000 американски долари)
Каде: Ѕвезден град
Извор: Аљона Репкина
Руските „туристички фарми“ се наоѓаат во обласните села во близина на мегаполисите Москва и Санкт Петербург. Најинтересно искуство кое туристичките фарми им го нудат на гостите, освен возењето на трактор, косењето и цепењето дрва, е можноста за молзење крава.
За жителите на селата молзењето крави е здодевна обврска, но за туристите е вистинска егзотика. А, што е подобро од тоа во природа да пивнеш свежо млеко со благ аромат на ливада?
Цена: Семејна соба со појадок приготвен во руска печка ќе ве чини од 5.250 до 6.750 рубли (од 70 до 90 евра) за ден. Молзењето крава и другите убавини на селскиот живот веќе се вклучени во цената.
Каде: село Степанково, Шаховски регион на Подмосковје
Извор: Аљона Репкина
Да се проба борбена 36-тонска машина и да го почувствувате челичниот гасеничен синџир кој може да ја надмине секоја пречка на патот - не е ли брутално? Можете да патувате внатре во кабината или, подавајќи се надвор во отворот, да преминете неколку маршрути со голема брзина.
Други опции: организација на трки со тенкови, правење воено-историски сценарија, ангажирање на тенк за целиот ден и можност да се почувствувате како суперхерој во акција, како и обична прошетка со возење на тенкот во целосна борбена готовност.
Цена: изнајмување за цел ден од 65.000 рубли (900 евра), Возење - од 3.000 (40 евра) до 9.000 рубли (120 евра). 10.000 рубли (140 евра) - пукање од топ.
Каде: полигон „Истра“, Московска област, Истрински регион, с.Борки; Московска област, населба Алабино (и многу други полигони во Русија)
Извор: Аљона Репкина
Белухите се забавни мали бели китови. Живеат во арктичките мориња и пројавуваат искрен интерес и дружељубивост кон луѓето. Затоа да нурка човек со нив во студените води на Бело Море е вистинско задоволство.
Туристичкиот клуб зад арктичкиот круг ќе ви понуди не само да попливате со нив со маска и костум, но и да се нурнете на длабочина со акваланг, само што за тоа ќе биде потребно да добиете сертификат од Професионалната асоцијација на нуркачки инструктори (PADI), да имате добри искуство во нуркањето и да го покажете пред работниците во делфинариумот.
Цена: снорклинг – 5.000 рубли (70 евра), нуркање – 6.000 рубли (80 евра).
Каде: на Карелскиот брег на Бело Море
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче