Каде Русите ја дочекаа 2015 година

Извор: Артур Лебедев / ТАСС

Извор: Артур Лебедев / ТАСС

Русите планираа да ги поминат новогодишните празници во Египет, Тајланд, Финска и Виетнам – тоа се најпопуларните дестинации за зимските патувања. Сепак побарувачката за тури во странство опадна за 25-35%, зашто дочекот на Нова година надвор од земјата сега излезе 1,5-2 пати поскап од лани.

Зимските празници во Русија траат од 31 декември до 10 јануари и многу Руси земаат уште неколку денови за да имаат соодветен одмор и заминуваат. Оваа година економската криза и падот на рубљата донесоа измени - побарувачката за зимски тури во странство опадна за 25-35%, раскажува извршниот директор на Асоцијацијата на туроператори Маја Ломиѕе.

Патиштата водат во Египет 

„Максимално опадна побарувачката за некои европски држави, на пример, за центрите за скијање во Франција за 35% или за Грција за 38%. Исклучок во Европа се Финска и  Чешка, каде се забележува пад помал од 20%. Опадна побарувачката и за традиционалните далечни правци – за Малдивите за 10%, за Куба -15%.“ 

Финска и Виетнам ја затвораат тројката најпопуларни зимски дестинации за Русите, оваа година тие загубија во просек по 17%, Тајланд, без оглед на загубата од 20%, го зазеде второто место. Најбараната дестинација како и минатата година е Египет. 

„Во Египет оваа година заминаа дури за 10% повеќе туристи отколку порано. И ова е единствениот исклучок каде има позитивна динамика, - изјави Ломиѕе. – Египет го одбраа оние кои се откажаа од поскапите тури, но сепак сакаа да заминат.“ 

„Сè не може да се мери со пари, здравјето е поскапо, вели хирургот-офталмалог Николај Овечкин. – Јас по мојата работа едноставно треба да одморам. Сфаќам дека Тајланд годинава излезе 2 пати поскап, но подобро подоцна да заштедам, а за зимските празници да си ги обновам силите на море.“ 

Подобро да се остане 

Суздаљ: 1000 години згусната историја
Гратчето Суздаљ има најмногу зачувани споменици по глава на жител во Русија. Во 16 век имало по еден храм на осум домаќинства!

Многумина од оние кои ги поминаа новогодишните празници во странство, ги платија своите тури пред падот на рубљата. За Русите е својствено порано да ги планираат зимските празници, според анкетата на ВЦИОМ, спроведена во октомври 2013 година, 14% Руси прават планови половина година и повеќе, 12% неколку месеци порано. Меѓутоа, плаќањето на турата сè уште не е плаќање за целиот одмор, потребата од купување валута по сегашниот курс ги принуди туристите да ги откажат резервациите. Познатиот руски новинар и телевизиски водител Алексеј Остудин купил авиобилети уште во август, зимските празници планирал да ги помине во Будимпешта и Виена. 

„До последен момент планирав да патувам, но потоа се појавија проблеми на работа. Затоа дури и се израдував кога авиокомпанијата ми испрати писмо за откажување на едниот од летовите со можност во целост да ги врати парите. Вредноста на валутата ќе им стави крст на плановите за патување во најскоро време.“ 

Цените за меѓународните тури пораснаа правопропорционално со растот на валутата – 1,5-2 пати. Ако минатата година според анкетата на ВЦИОМ оние кои сакале да одморат во странство во просек планирале да потрошат околу 37 077 рубли по човек, тогаш сега таа сума нема да ја покрие дури ни цената за една евтина тура во Египет која се проценува во просек на 55-60 илјади рубли. Опадна побарувачката и за турите во ЗНД, Белорусија со мал пад продолжува да води во овој сегмент, но Украина ја снема од списокот на резерви, - објаснува Маја Ломиѕе. 

„Минатата година украинските градови Лавов, Одеса, Трускавец за новогодишните празници кај некои оператори влегуваа во петте, а кај останатите стабилно во десетте популарни новогодишни дестинации, сега во Украина со организирани тури никој отпатува.“ 

Алтернатива - домашен туризам 

Желбата да се смени средината и да се патува во настанатата ситуација ги мотивираше Русите да им посветат внимание на турите по Русија. „Побарувачката за домашен туризам порасна за 35%, изјави Ломиѕе. – Тоа се зимските центри во Краснодарскиот крај, Алтај, Урал, Сибир, тоа се Петербург, градовите од Златниот прстен, Казањ“. 

Викенд во Казањ – „трета престолнина на Русија“
Старите туристички мапи се бескорисни за Казањ по неговата трансформација. „Руска реч“ им помага на македонските туристи да ја откријат оваа трета руска престолнина, започнувајќи од древните џамии и фантастичните готски згради, па до ресторанот „Мајаковски“ и лениновата алма матер.

Како и претходно, постои побарувачка за одморалиштата во предградијата. Ако порано цената, на пример, за еднонеделен престој во подмосковското лекувалиште беше еднаква на 7 дена во Египет, сега одморот надвор од градот изгледа попривлечно, затоа што цените таму се сметаат во рубли. 

„Една недела во добар пансион со дочек на Нова година чини 20-25 илјади рубли (околу 500 долари) по човек, изјави службеничката на московската туристичка агенција Олга Волкова. – Но, трошоците таму за забава како базен, изнајмување на спортска опрема, билјард, караоке, во просек ќе чинат 5000 неделно (100 долари).“ 

А најголемиот број Руси за Нова година сепак останаа дома - 74% (анкета на ВЦИОМ, спроведена во декември 2014). Секој седми Русин отиде на гости (14%), во ресторан или клуб - 3% Руси. А пак зимските празници во Русија обично се минуваат активно -59%  одат на гости (анкета на ВЦИОМ, спроведена во јануари 2014 година), секој трет оди во природа – 32%, а секој петти задолжително оди со децата на театар или на кино - 18%. 

Само третина Руси можат да отпатуваат во странство. 

Во март 2014 година „Левада-центар“ спроведе анкета за тоа колку Руси имаат пасош за патување во странство. Се покажа дека само 28% го имаат неопходниот документ за патување преку граница. 

Иматели на пасош најчесто се претприемачи (66%), раководители и административци (49%), специјалисти (48%). Тој документ за патување во странство го имаат 39% Руси на возраст од 25-40 години, исто толку се и имателите во редовите на учениците и студентите (39%), лица со високо образование (46%), со висок потрошувачки статус (75%),  а исто така и Московјани (59%). 

Само 9% од анкетираните им потврдиле на социолозите дека патуваат да одморат во странство два-три и повеќе пати годишно, а 6% со различна периодичност патуваат секоја година надвор од границите на поранешниот СССР за службени потреби.

Никогаш не биле надвор од границите на поранешниот СССР заради деловни работи 76%, а заради одмор - 60% од учесниците во анкетата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња