Пет необични тури низ Москва кои не смеете да ги пропуштите

Извор: Shutterstock/Legion-Media

Извор: Shutterstock/Legion-Media

Потврдувајќи ја мислата на Винстон Черчил дека „Русија е загатка замотана во мистерија што се наоѓа во енигма“, овие уникатни московски тури ја зголемуваат мистеријата.

Иван Широков  е Русин, страстен патник и Виш специјалист за дестинации во Travel All Russia, компанија за менаџмент на дестинации која е специјализирана за врвни тури за Русија. 

Изборот вклучува тура низ Москва со стар школски тролејбус слушајќи руска класична музика, одење зад сцената на студената војна во скришна вселенска станица надвор од главниот град и поглед на Москва со сета нејзина грандиозност од височините на нејзините облакодери. Овие тури низ Москва се препорачуваат затоа што се уникатни според стилот, нудат храна за мозокот и ги доближуваат посетителите колку што е можно поблиску до вистинската природа на руската култура.

Тура со тролејбус „Гранд Букашка“


Извор: Lori/Legion-Media

Московската тролејбуска линија „Б“ секој ден прави музичко патување низ културно-историското срце на Москва. Турата „Гранд Букашка“ ја следи рутата „Златен прстен“ со 33 станици и 33 соодветни мелодии поврзани со музичката историја на Русија на секое запирање. Музичките херои претставени на турата вклучуваат класични композитори, како на пример Чајковски до посовремени пејачи како Висоцки и Земфира. Погодна е за Московјани и туристи од сите возрасти. Учесниците можат да се вклучат во турата на секоја станица со обичен билет за јавен транспорт, иако организаторите препорачуваат да се почне од метро станицата „Курскаја“. Исто така е можно да се симне „Гранд Букашка“ апликацијата за смартфон. Со апликацијата учесниците можат да ја направат турнејата под сопствени услови и во кое било време. Само седнете и оставете московските улици да се движат додека ја слушате музиката на Русија и уживате во приказните за нејзиното настанување. 

Можете да ја симнете апликацијата за мобилен телефон и да прочитате повеќе за турата овде: www.grandbukashka.com (на руски)

До вселенското село со воз на парен погон 


Извор: Lori/Legion-Media

Оваа тура до еден од најтајните државни центри (сè до неодамна беше затворена локација) во Русија започнува со воз од московската станица „Јарославски“. Тркалајќи се преку живописната провинција, ќе одминете фабрика за ракети и ќе стигнете до тајна платформа во шумата надвор од Москва каде се појавува еден споменик на Јуриј Гагарин кој стои до центар за вселенска обука на Русија. Овде има импресивен планетариум кој се користел за обука на космонаутите; содржи 9000 ѕвезди. Колку за споредба, нашите очи можат да видат само 3000 ѕвезди на ноќното небо. Исто така има и имитација на вселенската станица „МИР“, како и модел на Меѓународната Вселенска Станица и „Сојуз“ капсули за обука. Исто така ќе видите голема центрифуга со тежина од 305 тони која се употребувала за обука на космонаутите за гравитациските сили. 

Гостите патуваат до и од Москва со добро зачуван воз на парен погон од серијата Л од советско време. На патниците во возот им се служи бесплатно чај и кафе додека тие минуваат низ заводничката руска провинција. 

Оваа тура ја организира Ретропоезд. Прелистајте повеќе детали од распоредот и разгледајте други дестинации тука: www.retropoezd.ru (на руски).

Скулптура и предупредување до децата 


Извор: Lori/Legion-Media

Според авторот Михаил Шемјакин, неговата скулптура служи како „симбол и повик за борба за спас на сегашните и идните поколенија“. Се наоѓа веднаш по Камениот мост недалеку од Кремљ меѓу реката и каналот на плоштадот Болотнаја. 

Во зависност од вашето расположението, оваа скулптура или ќе ве фасцинира или ќе ве навреди. Некои од бронзените скулптури се состојат од фигури што претставуваат пороци на возрасните како што се алкохолизмот, наркоманијата или проституцијата, кои пак влијаат врз децата. Други изгледаат како да се кошмарни суштества што се плод на фантазијата на уметноста или литературата. Две другарчиња кои си играат малку настрана, момче и девојче, служат како централна точка што ја претставува „рамнодушноста“. Некои Московјани беа загрижени дека тоа ќе ги плаши децата и затоа сè уште се смета за контроверзна знаменитост. Нејзината неподвижност и загадочност ја прават непријатно, а сепак фасцинантно изненадување додека шетате низ Москва. 

Тура од покривите за ѕвездите на Москва 


Извор:  birdseyeview.ru

На оваа тура гостите ќе можат да допрат една од златните ѕвезди на Седумте сестри на Москва. Се разбира, не треба да се каже дека панорамата од високо над плоштадот Комсомољскаја исто така вреди за парите за билетот. Доколку ви треба уникатно селфи од Москва, оваа тура ќе ви го реши тој проблем. Оваа едночасовна тура може да ви се чини брза, но на посетителите и локалните жители им го покажува градот од една нова и возбудлива перспектива. 

Оваа тура е организирана од „Спутник“. За повеќе информации види www.sputnik8.com 

Посета на пабовите во Москва 


Извор: Lori/Legion-Media

Оваа посета е спонзорирана од никој друг туку од Jagermeister. Секој вторник, четврток и сабота се среќава група кај метро станицата „Охотниј рјад“. Во една ноќ вие ќе посетите некои од најдобрите клубови и пабови во Москва и ќе запознаете луѓе од сите страни на светот. Ќе посетите три бара во саботната „посета“ и четири во вторник и четврток. Ќе добиете пијалак за добредојде и слободен влез на секоја локација. Што ќе пиете, зависи од вас. Посетите на пабовите се еден од најдобрите начини да се види градот и ова никогаш не биле поточно отколку за Москва која има еден од најдобрите ноќни животи на светот. Просторот е ограничен така што најдобро е да резервирате предвреме.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња