Путин: Русија нема агресивни планови, не е закана за никого

Сите спорни прашања Москва се стреми да ги реши исклучително со политички средства, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

„Русија е отворена земја за светот која се залага за зајакнување на соработката и партнерството со секој кој е подготвен за тоа“, потенцираше Путин, говорејќи на свечениот прием за дипломците на воените универзитети. „Ние немаме и не можеме да имаме агресивни планови. Ние не сме закана за никого и сите спорни прашања се стремиме да ги решиме исклучително со политички средства, со почит се однесуваме спрема меѓународното право и интересите на другите земји“.

Русија ќе продолжи со развојот на Вооружените сили, затоа што силна армија ги гарантира суверенитетот и безбедноста на РФ во услови на денешните ризици, вклучувајќи ги и оние кои се непосредно на границите на земјата, изјави претседателот Путин.

„Затоа силна армија, опремена со модерно оружје е залог за суверенитетот и територијалниот интегритет на Русија, тоа е гаранција за мирниот и спокоен живот на милиони наши сограѓани. Убеден сум дека добро го разбирате ова“, изјави шефот на руската држава, обраќајќи им се на дипломците.

Претседателот истакна дека сега активно се зајакнуваат стратешките нуклеарни сили, единиците на вселенската одбрана, суштествено порасна борбениот потенцијал на практично сите видови и родови војска.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња