„Вол Стрит Џурнал“: ЕУ може да донесе одлука за санкциите против Русија на 22 јуни

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ можат да донесат одлука за продолжување на економските санкции против Русија на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург на 22 јуни.

Продолжувањето на санкциите против Русија ќе се случи на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 22 јуни и без какви било дискусии, соопштува „Вол Стрит Џурнал“.

Претходно се претпоставуваше дека лидерите на земјите од ЕУ ќе донесат одлука за санкциите на самитот во Брисел на 25-26 јуни.

Форматот на дискусиите сѐ уште не е дефиниран, сепак голем број дипломати соопштија дека шефовите на дипломатите на земјите-членки на ЕУ ќе го усогласат проширувањето на санкциите уште на состанокот во Луксембург.

Претходно министерот за надворешни работи на Чешка Лубомир Заоралек изјави дека европските санкции против Русија ќе останат на сила до крајот на 2015 година.

Претходно американскиот претседател Барак Обама изјави дека партнерите на САД во Г-7 го увериле дека се за продолжување на санкциите против Русија по јули.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња