Во Русија во 2015 година ќе започне производството на беспилотните летала за воздушно разузнавање и набљудување – „Ера-100“. Ова за „Интерфакс“ го изјави генералниот директор на компанијата „Аероксо“, Елдар Разроев.
„Во првиот квартал во 2015 година се планира почеток на тестирањето на овој комплекс“, изјави Разроев.
Според неговите зборови, сериските беспилотни летала ќе се разликуваат од претходните генерации со тоа што ќе имаат „зголемена функционалност“.
Разроев забележа дека западните аналози на ова летало чинат 60.000 долари, додека руското летало ќе чини далеку помалку.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче