Претставниците на комунистичката партија на Русија (КПРФ), кои се наоѓаат во посета во Кина, предлагаат да се зголеми обемот на трговија меѓу двете држави во националните валути.
Неопходноста од зголемување на уделот на националните валути во трговијата меѓу Русија и Кина ја потенцираше и претседателот на Русија во мај годинава. Шефот на Министерството за финансии, Антон Силуанов во почетокот на јуни изјави дека Централните банки на Русија и Кина можат да се договорот за извршување на финансиски трансакции со користење на националните валути.
Лидерот на КПРФ, Генадиј Зјуганов изврши посета со претставникот на раководството на Народната банка на Кина, Ван Хуацин.
„За време на разговорот Генадиј Зјуганов подвлече дека Русија и Кина треба да ги користат националните валути во трговијата“, се кажува на официјалната интернет-страница на КПРФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче