1. Кижи
![]() |
ФОТО: Извор: Alamy / Legion Media
|
Можеби ова е најпознатиот островски споменик на дрводелството во Русија. Тоа е под заштита на УНЕСКО и се наоѓа на остров во Онежското езеро .
Една од црквите - Преображенската - е изградена во почетокот на XVII век во чест на победата на руската армија над Швеѓаните.
Црквата е изградена без ниту еден клинец и, според легендата, само со една секира. Има дваесет и два бедеми, опшиени со триесет илјади штичка од трепетлика.
Од мај до септември секој ден од речната станица на градот Петрозаводск до Кижи патуваат мали бродови од типот „Метеор“. Билетите се продаваат на касата на речната станица. Групите за екскурзија се формираат при пристигнувањето на островот.
Цената на патничкиот билет во два правци е 60 евра, а на екскурзијата - 8 евра.
2. Валаам
![]() |
ФОТО: Извор: Alamy / Legion Media
|
На Валаамскиот архипелаг се наоѓа едно од светилиштата на рускиот Север - Валаамскиот манастир .
Обично за посетата се предвидува еден ден и повеќето туристи дури не се сомневаат дека на архипелагот има и други знаменитости. Скитови , островот Оборони (таму се наоѓал еден од деловите на финската одбранбена линија „Манерхајм“ , која се залагала за тогашните граници на земјата и чии топови можеле да го гаѓаат Ленинград , сегашен Санкт Петербург ), па дури и поранешно паганско капиште. Но, тие се достапни само ако се патува со кајче со весла и ако се ноќева во туристички шатори . Но, не се препорачува да го правите тоа сами, туку да си купите карта од лиценцирани за овие тури туристички агенции во Карелија - најсеверозападниот дел на Русија.
Карпестите брегови на островите се вистински подарок за љубителите на фотографијата. Времето таму сепак е, нормално, топло само еден месец во годината, но дури и тогаш во водата можат да се искапат само оние најзакалените. На островите има монаси, кои имаат дадено завет на молчење.
До архипелагот Валаам доаѓа со брод од Санкт Петербург, кој опслужува туристички рути. Просечната цена на екскурзијата е околу 200 евра по лице.
3. Соловки
![]() |
ФОТО: Извор: Alamy / Legion Media
|
Не помалку познат архипелаг во Северна Русија е Соловецкиот.
Во минатото тука имало славни и влијателни манастир, кои во времето на Сталин биле претворени во едни од најпознатите затвори со особено намена, зад ѕидовите на кој загинале стотици илјади затвореници. Денес Соловки е музеј под отворено небо и e слободен за туристички посети. Вклучен е во листата на Културното наследство со одлука на Генералното Собрание на УНЕСКО. Но до таму се стигнува многу тешко.
За да посетите го Соловки, најдобро е да си нарачате подготвена екскурзија од Санкт Петербург - 4 дена на островот ќе ве чинат по 500 евра од човек.
4. Делтата на Волга
![]() |
ФОТО: Извор: Alamy / Legion Media
|
Во делтата на најважната руска река Волга се наоѓаат најголемите „леи“ со лотос во светот. Вкупната површина на полињата од лотос надминува сто хектари. Според една од верзиите тие се појавиле благодарение на монасите-будисти. Според друга - долината со лотоси била формирана од птиците, кои го носат семето на овие цвеќиња во Волга.
Најдобро е да си изберете екскурзија во делтата на самиот град Астрахан, која ќе вклучува превоз, ручек и водич. 8-часовната екскурзија ќе ве чини околу 250 евра по лице.
5. Калјазин
![]() |
ФОТО: Извор: Alamy / Legion Media
|
Тука лежи најпопуларното островско обележје во Средна Русија - среде браната се издига камбанарија. Поради изградбата на гигантската ѕид во Углич и изградба на Угличката браната голем дел од градот кој се наоѓа на бреговите на Волга е преплавен со вода. Сите згради во зацртаните области требало да бидат урнати. Троицкиот манастир, храмовите и станбените згради биле урнати. Но, поради некоја необјаснива грешка направена од оние кои одговараа за уривањето на зградите, не успеале да ја уништат камбанаријата на Николскот катедрален храм кога водата почнала да надоаѓа. Откако Угличкиата брана го зафатила целиот град, одлучиле да ја остават 70-метарската камбанарија.
Од Савеловската станица во Москва може да се стигне со воз само до станица Савелово каде се прави трансфер на возот Савелово - Калјазин. Патот во еден правец чини 5 евра.
6. Олхон
![]() |
ФОТО: Извор: Alamy / Legion Media
|
Иако овој остров е опкружен од водите на најголемото слатководно езеро на планетата, Бајкал, на него нема ниту едно, дури ни мало изворче, иако ова е единствениот населен остров во езерото. „Олхан“ во превод од бурјатски значи „сув“. Островот се смета за сакрален центар на северното шаманство, тука се наоѓа едно од светилиштата на Азија - Рихтеровиот Шаман. Но, тоа е само дополнување на главните атракции, како што е Малото Езеро, кое го дели островот од континентот. И впрочем, не е задолжително да сте „морж“, за да се искапете во него, бидејќи во текот на летото водата тука е во неколку пати потопла отколку во Бајкалското.
Нос Бурхан е шаманско пристаниште. Некое време тука, колку и да е парадоксално, имало икони на христијанскиот светец Николај Чудотворецот.
Најлесно до остров Олхон се доаѓа од Иркутск. Секој ден во 7 часот наутро од автобуската станица во Иркутск тргнуваат автобуси. Цената на билетот во еден правец е 8 евра .
7. Островот Киј
![]() |
ФОТО: Извор: Alamy / Legion Media
|
На овој мал камен остров - должината му е одвај 1.5 километри - бил основан Онежскиот крстов манастир . Воспоставен е од идниот Патријарх Никон во 1656 година. Легендата вели дека тој претрпел бродолом и како чудо се спасил на овој остров. Во знак на благодарност изградил манастир. Денес манастирот не е активен, но сите градби се задржани, иако имаат потреба од реконструкција. Впрочем, на островот секоја година се одржува меѓународниот џез фестивал „Топли звуци на северот“.
Тука може да се стаса со брод од градот Онеги (15 километри, билетот во еден правец e 10 евра), но само за време на плимата. Островот е поделен со мал теснец, така што од едната до другата страна може да се помине само при осека покрај дното на карпите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче