На полигонот во Ахтубинск во Астраханската област некаде во јули-август годинава се очекува првото пробно лансирање на ракетата која може да развие брзина од над 5 маха. Извор: РИА Новости.
Иако Русија се откажа од идејата за пилотирано хиперсонично летало, проектот за беспилотно летало и понатаму останува актуелен. Добро информиран извор од Министерството за одбрана за весникот Известија соопштува дека првите проби биле извршени во 2012 година на полигонот на Државниот летачко-пробен центар во градот Ахтубинск.
„Тоа и не може баш да се нарече проба во вистинска смисла на зборот. Тоа беа само иницијални тестово. Ракетата се одвојува од носачите на авионот, го стартува својот погон, лета неколку километри со брзина помала од звучната и се приземјува. На тој начин се оптимизира однесувањето на ракетата во лет, нејзината ускладеност со системот за лансирање и со останатите контролни комплекси на авион-носач“, објаснува соговорникот.
Тој истакна дека проектот за развој на ракетата е под ознака „тајно“ и затоа неговото име, целта, тактичко-техничките карактеристики (ТТК) и другите основни податоци им се познати само на потесен круг луѓе од државниот врв.
Проектот за развој на ракетата е под ознаката „тајно“ и заради тоа нејзините тактичко-технички карактеристики им се познати само на потесен круг луѓе од државниот врв. Не е познато дали супербрзата ракета е тактичка, оперативно-тактичка или стратешка и дали ќе поседува нуклеарни или обични боеви глави.
Исто така не е познато дали супербрзата ракета е тактичка, оперативно-тактичка или стратешка, дали нејзините сели ќе бидат бродови или копнени објекти и дали ќе поседува нуклеарни или обични боеви глави. Доколку сепак тоа биде нуклеарна ракета, Русија во согласност со меѓународните договори ќе мора да им ја изложи на увид на Американците.
Независниот воен експерт Дмитриј Корнев, уредник на сајтот MilitaryRussia, напомнува дека активностите на Русија во областа на хиперсоничноста во поголема мера се држат во тајност, одошто е тоа случај со слични проекти на Запад. Првите чекори во оваа насока се направени кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век во Воено-индустриската корпорација „НПО машиностроение“, кога домашните ракетни стручњаци под раководство на академик Владимир Челомеј започнаа да го развиваат комплексот
„Метеорит“ (во рамките на кој требаше да се испита можноста за лансирање ракети од носач во разни средини – од земја, од воздух, од вода).
„Судејќи според достапните информации, хиперсоничната програма кај нас е во полн замав. ВИК ‘НПО машиностроение’ работи на развој на апарат со индекс 4202, а Државниото машинско конструкторско биро (ГМКБ) ‘Радуга’ уште во осумдесеттите години од минатиот век го започна пректот ‘ГЕЛА Х-90’. Сосема е возможна примената на теорискиот концепт Х-90 во современите проекти на ‘Радуга’“, ги изнесува експертот своите претпоставки за весникот Известија.
Главниот уредник на специјализираната агенција „Авиапорт“ Олег Пантелеев смета дека хиперсоничната технологија е мошне актуелна за Русија. Според него основна предност на хиперсоничните ракети е во нивните ударни својства. Секако дека е можен и превоз на товар, па дури и на патници. Освен тоа, ракетите можат да служат како степени за некој друг носач, смета експертот.
Врз основа на информации на весникот Известија, на полигонот во Ахтубинск во Астраханската област некаде во јули-август годинава се очекува првото пробно лансирање на ракетата која може да развие брзина од над 5 маха (1 мах изнесува приближно 1.100 километри на час). Во таа пригода параметрите на лансирање ќе бидат проширени, времето на летот на ракетата ќе биде продолжено, а нејзиниот погонски систем ќе работи во неколку режими.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче