„Булка“ („Земичка“)
Сите фотографии: Антонио Фрагосо.
„Детокс“-леб со активен јаглен и со суво грозје. Средината на лебот е многу темна заради јагленот што се користи при подготовката на тестото (100 рубли или 2.5 евра).
Во оваа пекарница на две полици се наоѓаат разновидни видови леб. „„На горната полица се оние што се прават со сув квасец, а под неа се наоѓаат векните што се направени со свеж пекарски квасец“, објаснува продавачот. Цените се умерени: ‘ржан леб „филиповски“ со коријандер чини 70 рубли (1.75 евра), а мала векна со суво овошје чини 25 рубли (0.6 евра).
Интернет страница: http://www.bulkabakery.ru.
„Хлеб & Co“
Пченичен леб во облик на прстен (како ѓеврек) со сливи со набиена, но нежна средина (195 рубли или 4.9 евра).
„Хлеб & Co“ (или „Х & Co“) е синџир пекарници во сопственост на рускиот ресторатер Степан Никитич Михалков, кој е основан во 2008 година во Русија. „Х & Co“ нуди 49 видови леб кои се прават од различни видови брашно, со цени што се движат од 40 до 300 рубли (1-7.5 евра). Меѓутоа, нивната предност е изборот на традиционални руски видови леб, печива и колачи. Тука може да го најдете прочуениот „калач“ (бел леб во облик на плетенка или на катанец) и „каравај“ (тркалезен обреден леб украсен со фигурки од тесто, кој најчесто се прави за свадби).
Интернет страница: http://eatout.ru/cafe/hleb.html.
„Paul“
„Тортано“ е органски леб кој се прави од мед и дехидрирани снегулки од компири. Има тркалезен облик со мека средина и малку е леплив (195 рубли или 4.90 евра).
Компанијата „Paul“ своите први пекарници во Русија ги отвори на почетокот од 2012 година. Оваа прочуена француска фирма моментално е задоволна со само две продажни места во Москва и не размислуваат за понатамошно проширување/ Речиси сиот што се продава во пекарницата „Paul“ се прави од брашно кое е увезено од Франција. „Само овие два вида леб што се прават од руско брашно“, објаснува менаџерот за продажба, млада русокоса девојка со капа за шеф на кујната на главата, „’ржан леб (59 рубли или 1.50 евра) и лебот ‘нарезној’ од бело брашно (50 рубли или 1.25 евра)“. „Paul“ неодамна во својата понуда ги додаде и органските видови леб, а овие новини мошне брзо се распродаваат. Цените на производите се идентични со оние во пекарниците „Paul“ во Франција.
Адреси на пекарниците во Москва: Улица Тверскаја 23/12, Улица Арбат 54/2.
„Волконски“
Багет „палин“ брашно од хељда, воздушест, со крцкава кора (120 рубли или 3 евра).
Пекарниците „Волконски“ се дел од фирмите во сопственост на Ерик Кајсер, што е напишано и во овалното лого на овој синџир пекарници. Покрај стандардните производи како што се француската „флаута“ (многу личи на багет) или чјабата, Волконски во својата понуда има и монж – багет од пченично брашно и мешавина од зрна, но и традиционални видови руски леб во француски стил, како што е багетот „палин“ кој се прави од брашно од хељда. Единствена мана се високите цени на производите од понудата на овие пекарници. На пример, една „баранка“ (руски специјалитет сличен на ѓеврек, кој се подготвува од пченично брашно и шеќер и се посипува со афион) чини 79 рубли, што е околу 2 евра.
Пекарницата исто така нуди и определен „леб на денот“, кој се подготвував само еднаш неделно. На пример, во среда тоа е леб со козјо сирење и со домат, додека лебот со сланина и со суви сливи се продава само во сабота.
Интернет страница: http://www.wolkonsky.com.
„Madame Boulanger“ („Мадам Буланже“)
Чјабата зачинета со сушени домати и со пиперка (110 рубли или 2.75 евра).
Оваа мала пекарница на Никитскиот булевар е еден од ретките примери на уникатен занатски дуќан кој не припаѓа на некаков синџир. Позната е не само по својот раскошно уреден ентериер, со ѕидови со јако тиркизна боја, туку по лебот што го прави младиот француски пекар според француски рецепти. Тука се продаваат багети од брашно од хељда (75 рубли или 1.9 евра), леб од свеж квасец со лешници и со суво овошје (180 рубли или 4.5 евра) и леб со маслинки (120 рубли или 3 евра).
Адреса: Никитски булевар 12.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче