Слипбокс личи на мала футуристичка куќа или на кабина од вселенски брод. Извор: ИТАР-ТАСС.
Во трка за поефективно искористување на просторот за живеење, Јапонците измислија едноставен и евтин начин за преноќување – Слипбокс. Посетителите се сместуваат во капсули, кои според својата големина потсетуваат на оние што ги користат астронаутите за влегување во хибернација при интергалактичките летови во научно-фантастичните филмови. Првиот ваков хотел се отвори во Москва на 28 јануари 2013 година. Величината на московските капсули е поголема одошто во Јапонија, но и цената за преноќување во ваквата „соба“ е повисока.
Местото не е случајно избрано, имено од оваа железничка станица поаѓаат експресните возови кон меѓународниот аеродром Шереметево.
Московскиот Слипбокс Хотел се наоѓа на три минути одење од Белоруската железничка станица. Местото не е случајно избрано, имено од оваа железничка станица поаѓаат експресните возови кон меѓународниот аеродром Шереметево. Односно, основна цел на стопаните на хотелот се патниците кои преседнуваат од еден во друг авион. Така, откако ќе слетаат на Шереметево може за помалку од еден час да стасаат до хотелот и исто толку брзо да се вратат на аеродромот.
Самиот хотел многу потсетува на сценографија од некој научно-фантастичен филм. Во него се наоѓа сосема бел хол со Ајпади закачени на ѕидот, на кои може да се провери електронската пошта или да се види редот на летање на аеродромот. Самите „слипбоксови“ се наоѓаат на три ката, по 10-15 на секој кат. Двокреветните соби се направени од дрво, а еднокреветните од пластика и од алуминиум. Тие личат на малечки куќички со футуристички дизајн или на кабина во вселенски брод. Чувството на нереалност нема да ве напушти во текот на сиот престој во хотелот.
Сите оние што преноќувале во слипбоксот велат дека не се појавува чувството на клаустрофобија.
Однатре слипбоксот многу потсетува на купе во воз, истите оние полици со место за легнување. Првата суштествена разлика, која нема да ви дозволи да заборавите каде се наоѓате, се големите прозорци на еден од ѕидовите. Тие се направени за човек да не се чувствува како да е ставен во кутија. Сите оние што преноќувале во слипбоксот велат дека не се појавува чувството на клаустрофобија. Доколку сакате поголема приватност, можете да ги затемните прозорците со електронската завеса. Душекот и квалитетот на постелнината не се полоши од оние во добрите хотели, така што тука не штедат на комфор.
Смислата за да отседнете во еден ваков хотел е тоа што нема да плаќате за дополнителни услуги. Всушност, луѓето само преноќуваат во хотелите, а за ноќевање доволен е комфорен кревет, а слипбоксот во целост одговара на ова барање. Во секоја соба има штекери, бесплатен безжичен Интернет, целосно осветлување и полици за работите. Големиот багаж се чува одделно во специјални простории. Дизајнот на слипбоксовите е направен од страна на Алексеј Горјаинов и Михаил Кримов од архитектонското биро Arch Group. Тие се обиделе да направат мала, но мошне функционална просторија за работа и за одмор.
Кога ќе затопли, во Слипбокс Хотел можете да изнајмите велосипед и самите да се прошетате низ центарот на руската престолнина.
Тоалетот и тушот се наоѓаат на катот, а од храна во хотелот има само автомати со чоколади и чипсови. Ако сакате да каснете нешто вистинско, можете да излезете надвор. Не треба да заборавате дека хотелот се наоѓа на улиците Тверскаја, една од најживите московски улици, каде на секој чекор има кафулиња и ресторани. Кога ќе затопли, во Слипбокс Хотел можете да изнајмите велосипед и самите да се прошетате низ центарот на руската престолнина.
„Од моментот кога го најдовме просторот до моментот кога хотелот беше отворен помина една година, - вели Наталија Черникова, менаџер на Слипбокс Хотел, - Порано во оваа зграда се наоѓаше козметички салон, и затоа моравме одново да ги правиме сите простории. Го тргнавме гипс-картонот, изнесовме неверојатно количество градежен шут, за да ги расчистиме катовите. Сметам дека една година за отворање хотел воопшто не е долго време. Според оптимистичкиот план, би требало да си ги повратиме средствата за година и пол, но ние си дадовме рок од три години“.
Повеќе информации за хотелот, како и фотографии од истиот можете да најдете на Интернет страницата: http://sleepbox-hotel.com
Цената на собите во еден ваков хотел е пониска од средната цена за хотел во Москва. Двокреветен слипбокс чини 65 евра, еден ден во еднокреветна чини нешто повеќе од 70 евра. Ако не ви се допаѓаат футуристичките боксови, можете да земете целосна трокреветна соба по цена од 115 евра.
„Имаме големи планови, - додава Наталија, - кога ќе видиме дека хотелот почнува да се исплатува, тогаш ќе отвориме уште еден или веднаш уште два вакви хотела во Москва. Сега во хотелиерскиот бизнис постои огромна непополнета дупка, која ние планираме да ја пополниме. Веќе бараме места околу железничките станици, од кои тргнуваат експресните возови за аеродромите, а исто така бараме места и во самите аеродроми“.
Слипбокс Хотел Тверскаја се наоѓа на ул. 1 Тверскаја-Јамскаја бр. 27.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче